fbpx

Уште не се знае врз основа на кој елаборат се исекоа дрвјата на „Страшо Пинџур“ во Тетово

-

Уште не се знае врз основа на кој елаборат, документација или постапка е дадена наредба за сечење на дрвјата на улицата „Страшо Пинџур“ во Тетово. Од општината, за Порталб.мк, рекоа дека на следната седница на Советот на општината ќе има детални информации за овој случај.

Сечењето дрвја долж улицата „Страшо Пинџур“ не беше прифатено добро од граѓаните, дел од општинските советници и невладините организации. Работите на оваа улица беа прекинати вчера, еден ден откако започнаа.

Порталб.мк побара од општината информација за тоа кои процедури се следени за сечењето на дрвјата, кои експерти се консултирани и дали се направени анализи дали треба да се сечат или не, и за сето тоа побаравме документација.

Целосната документација за улицата „Страшо Пинџур“ ќе биде презентирана на следната седница на Советот на општина Тетово. Тогаш ќе имате подетални информации“, рекоа од Општина Тетово.

Вчера од општина Тетово соопштија дека прекинот на работите на оваа улица е побаран од листата „Подобро за Тетово“. Но, тие демантираат такво нешто и ја повикаа општината да изнесе докази дали побарале прекин на реконструкцијата, додавајќи дека нивните реакции се однесуваа на сечата на дрвјата.

Потсетуваме дека градоначалникот Билал Касами најави дека дрвјата ќе бидат заменети со нови садници, а патот ќе биде направен по сите стандарди, вклучително и водоводната мрежа, фекална и атмосферска канализација, а за ова според него, требало да се отстранат старите дрвја и да се заменат со нови.

Инаку, работите на улицата „Страшо Пинџур“, една од главните сообраќајници среде Тетово, започнаа во предизборниот период, но по локалните избори 2021 година со доаѓањето на Билал Касами на чело на општината, работите беа прекинати со образложение дека проектот за асфалт не ги исполнува критериумите. Истите започнаа пред два дена, а вчера беа повторно прекинати.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

СЕММ ги награди најдобрите стории на тема „Факти и дезинформации за човековата околина“

Видео-сторијата за илегалната сеча на шумите на Јабланица, долж границата со Албанија е првонаградениот новинарски труд на повикот на Советот за етика во медиумите на Македонија на тема „Факти...