fbpx

Блинкен и Остин го посетија Кијив, Русија гаѓа железнички станици и термоелектрани

-

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен и министерот за одбрана Лојд Остин вчера ја реализираа посетата на Кијив, без претходно истата да ја потврди Белата куќа, пишува Би-би-си. Официјален Вашингтон не сакаше да го потврди патувањето сè додека двајцата американски функционери не се вратија безбедно во соседна Полска.

Блинкен и Остин се сретнаа со украинскиот претседател Володимир Зеленски што беше и прва средба меѓу Зеленски и американски претставници од почетокот на руската инвазија на Украина на 24 февруари.

Блинкен и Остин објавија дека Вашингтон ќе обезбеди над 700 милиони американски долари дополнително воено финансирање за Украина и 15 други европски земји, при што повеќе од 322 милиони долари од овие средства ќе ѝ бидат доделени на Украина. Дополнителни 165 милиони долари ќе изнесува продажбата на муниција за Украина од САД.

Патувањето беше искористено и како можност да се објави дека оваа недела повторно ќе почне со работа амбасадата на САД во главниот град на Украина.

Во меѓувреме, украинските власти јавуваат дека утрово биле гранатирани пет железнички станици во централниот и западниот дел на Украина. Генералниот директор на Украинските железници Олександр Камушин изјави дека руските сили систематски ја уништуваат железничката инфраструктура и потврди дека има повредени лица, јавува Укринформ.

Во бомбардирањето на рафинерија и термоелектрана во украинскиот град Кременчук, загинало најмалку едно лице, а дополнителни девет лица се повредени. Поради гранатирањето, речиси целиот град останал и без снабдување со вода за пиење.

На боиштата, руските воени сили се обидуваат да напредуваат кон Запорожје, при што украинските сили тврдат дека огромни количества на воена опрема и персонал се акумулираат на борбените линии. Руските сили се обидуваат да го заземат и градот Попасна во Луганската област, а продолжува и гранатирањето на фабриката Азовстал во Мариупол.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...