fbpx

Украинските контранапади ја забавуваат руската офанзива на исток, се очекува евакуацијата на граѓаните на Мариупол

-

Руските трупи ја продолжуваат офанзивта во источниот регион Донбас во обид целосно да го заземат индустриското срце на Украина, но постигнаа мал напредок бидејќи жестоките украински контранапади ги забавија нивните напори, изјавија во саботата украинските и британските власти, пренесе Асошиетед Прес.

Русија продолжува да се бори за целосна контрола на областите Доњецк и Луганск кои го сочинуваат Донбас и се обидува да обезбеди „копнена рута меѓу овие територии и окупираниот Крим“, вклучително и со бришење на последниот џеб на отпор во опколениот пристанишен град Мариупол, соопшти Генералштабот на Украина.

Украинските сили во изминатите 24 часа одбија осум руски напади во двата региона, уништувајќи девет тенкови, 18 оклопни единици и 13 возила, еден танкер и три артилериски системи, соопшти Генералштабот.

За денеска се планира евакуација од опколениот украински град Мариупол, според Петро Андриушенко, советник на градоначалникот на Мариупол.

„Денеска во 11 часот (по локално време), евакуацијата на граѓаните на Мариупол до Запорижја ќе почне од трговскиот центар ‘Порт Сити’ Тргнувањето на колоната е закажана за 12 часот по рутата Мариупол-Манхуш-Бердјанск-Токмак-Орикив-Запорижја“, напиша Андриушенко на Телеграм, додавајќи дека приватни возила можат да се приклучат на колоната, но само жени, деца и постари лица ќе можат да се качат во автобусите.

Според украинските власти 100.000 цивили сè уште се останати во градот, кој со недели е бомбардиран од руските сили, кои контролираат најголем дел од градот. Украина постојано апелира до руската страна да дозволи безбедни коридори за цивилите, но неколку претходни обиди за евакуација беа неуспешни поради гранатирање и други опасности на рутите.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски, како што пренесе Ројтерс изјави дека руската инвазија е само почеток и дека Москва има планови за заземање други земји.

„Ние сме први во редот. А кој ќе дојде следен?“, рече тој во видео обраќање доцна во петокот.

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков одби да коментира дали Русија ги проширила своите цели или како Москва гледа на политичката иднина на јужна Украина.

Зеленски во своето обраќање рече дека сојузниците на Украина конечно доставуваат оружје што Киев го побара.

Американскиот претседател Џо Бајден во четвртокот изјави дека одобрил дополнителни 800 милиони долари воена помош за Украина, вклучувајќи тешка артилерија, муниција и беспилотни летала. Канада во петокот соопшти дека обезбедила повеќе тешка артилерија за Украина.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...