fbpx

Вистиномер: Со стара фотографија од ирански брод во пламен се илустрира потонувањето на крстосувачот Москва

-

Фотографијата којашто е искористена во постот за да се претстави потонувањето на крстосувачот Москва, е стара и неповрзана со руската инвазија на Украина. Таа потекнува од јуни 2021 година од потонувањето на иранскиот брод во Оманскиот залив, пишува „Вистиномер“ во својата анализа.

Текстот подолу го пренесуваме во целост:

 

 

Рецензираме пост објавен на социјалната мрежа Фејсбук во кој се споделува медиумски напис  за тоа дека бил потопен крстосувачот Москва во Црното Море.

Веста е кратка и во неа се споделува информацијата дека потопен бил главниот брод на црноморската руска флота, крстосувачот Москва, откако бил погоден со две украински ракети во Црното Море, во близина на украинскиот брег, како дел од поморската блокада на УКраина од страна на руската морнарица. .

За да се илустрира медиумскиот напис, претставена е фотографија од брод којшто е запален, но таа фотографија воопшто не е поврзана со руската инвазија на Украина од 2022 година, туку е фотографија од јуни 2021 година кога иранскиот брод Харг потона, откако се запали во Оманскиот залив.

И покрај тоа што оваа фотографија нашироко се користи за да се портретира потонувањето на крстосувачот Москва, сепак, таа не е поврзана со него.

Фотографијата, како што пишува и сервисот за проверка на факти на „Ројтерс“, не е нова и ако се пребара на пребарувачот Гугл ќе се дојде до информацијата дека е објавена токму од „Ројтерс“, во јуни 2021 година со наслов: „Чад се крева од најголемиот брод на Иранската воена морнарица во пристаништето Јаск во Заливот на Оман, Иран, 2 јуни 2021 година”

Во тоа време фотографијата нашироко се споделуваше, а ја објавија голем број светски етаблирани медиуми, меѓу кои „Волстрит Џурнал“ и „Би Би Си“.

И пребарување на Твитер покажува дека фотографијата е споделувана на таа социјална мрежа во јуни 2021 година во постови кои известуваат за потонатиот ирански брод.

Рускиот брод Москва, потона минатиот четврток, според тоа што го објави руското министерство за одбрана. Украина тврди дека бил погоден, а Русија тврди дека се случила експлозија на муниција.

Поради сите горенаведени факти оценуваме дека фотографијата којашто е искористена за да се претстави потонувањето на крстосувачот Москва, е стара и неповрзана со руската инвазија на Украина, туку потекнува од 2021 година од потонувањето на иранскиот брод.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...