fbpx

Генералштабот и МО ги одликуваа најзаслужните пред 30-годишниот јубилеј на АРМ

На свечен собир во Домот на Армијата во Скопје, во рамките на завршните активности со кои Армијата на Република Северна Македонија (АРМ) го одбележува својот 30 годишен јубилеј, беа доделени голем број на признанија за остварените резултати и придонесот за Армијата на од составот...

Во ТИРЗ Тетово потпишан договорот за државна помош за производство на електричните автомобили НЕКСТ.Е.ГО МОБИЛЕ

Владата на Република Северна Македонија, застапувана и претставувана од Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони и „НЕКСТ.Е.ГО МОБИЛЕ“, денеска во ТИРЗ Тетово потпишаа договор за државна помош за нова инвестиција, која предвидува целосно производство на електрични автомобили e.GO, соопшти владината служба за информирање. Како што...

[ФОТО] Заврши 13. издание на Патувачкото кино на „МакеДокс“

Заврши првиот дел од тринаесеттото Патувачко кино на фестивалот „МакеДокс“ што се одржа низ струмичкиот регион. За време на Патувачкото кино, од организацијата информираат дека успешно се одржа првата сесија со новата генерација на млади документаристи – „Докуникулци“. Вториот дел од Патувачкото кино на „МакеДокс“ ќе...

Најдобрите параглајдеристи од светот го ишараа небото над Крушево [галерија]

Денеска е последниот ден од Светскиот куп Крушево 2022, во кој учествуваат најдобрите светски параглајдеристи. Во текот на изминативе седум дена настапија стотици натпреварувачи од 40 земји. „Натпревари од ваков ранг на светско ниво има само пет, а самите учесници во натпреварот велат дека условите...

Промовирани нови 29 поручници во редовите на АРМ [Галерија]

Во Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ во Скопје денеска се одржа свеченост на којашто беа промовирани новите 29 поручници во служба на Армијата на Република Северна Македонија (АРМ), кои поминаа шест месечен курс за стручно оспособување. Од нив, 12 се жени, а 17 мажи. На свеченоста...

Изложба со повик полицијата сериозно да ги сфати пријавите за малтретирање на интернет

„Насилниците имаат имиња и треба да бидат казнети“ - со оваа порака Центарот за еднакви можности „Бубамара“ вчера на плоштадот во Тетово и во Гостивар, но и во Стара скопска чаршија, ја одржа „Изложбата без име“. Целта на оваа изложба беше преку илустрации на...

Над Скопје ќе прелетаат два американски воени авиона Ф-35 [фото]

Два борбени авиона од типот Ф-35 на Националната гарда на Вермонт, денеска извршија прелет и слетаа на аеродромот во Петровец, а попладнево ќе прелетаат и над Скопје, соопшти Министерството за одбрана, кое вели дека станува збор за „приказ на силното сојузништво и единство во...

Младите во „Бостание“ може да научат како се садат градинарски култури, но и самите да се испробаат [фото]

Во паркот во населбата Ново Лисиче, позади автобускиот терминал на „5-ка“, 50-тина ентузијасти веќе втора година по ред ја одржуваат општествената градина „Бостание“. Сите заинтересирани граѓани, вклучувајќи ги и младите лица, на овој простор преку обуки и работилници може да научат како се градинари...

Отворена стрип изложбата „Цртање на приказни“ во МКЦ, авторите бараат поголем простор на јавната сцена

Изложбата на стрипови „Цртање приказни“ на седум стрип автори вчера вечер беше отворена во Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје. Посетителите имаа можност да се запознаат со авторските дела на Иванка Апостолова, Гаја Смилевска, Матеј Богдановски, Владимир Лукаш, Вук Митевски, Иван Ивановски и Ѓорѓе...

Граѓаните се свесни за дезинформациите, но справувањето со ова зло мора да биде многу посилно

Главни чинители во намалување на ефектите од дезинформациите треба да бидат институциите задолжени за креирање на медиумските политики, но исто така и самите медиуми, односно новинарите. Но, потребен е систематски пристап, од повеќе фактори, порача истражувачот Ѓорѓи Митревски на сесијата „Состојби и предизвици поврзани...

Одбележан Платинестиот јубилеј – 70 години служба на Нејзиното Величество Кралицата Елизабета Втора

Годинава се одбележуваат 70 години служба на Нејзиното Величество Кралицата Елизабета Втора. Кралицата владее подолго од кој било друг монарх во британската историја, стана многу сакана и почитувана личност низ целиот свет и е најистакнатиот дипломат во Обединетото Кралство, кој ги зацврстуваше старите односи...

Економскиот институт – Скопје ја одбележа 70-годишнината од неговото постоење [фото]

Економскиот институт – Скопје вчера свечено ја одбележа 70-годишнината од неговото основање во 1952 година. На свеченоста, покрај директорот на Економскиот институт, проф. д-р Зоран Јаневски, свое обраќање имаше ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, проф. д-р Никола Јанкуловски, како и министерот за...

[Галерија] Лунарна еклипса: Феноменот „Крвава месечина“ утринава на небото над Скопје

Рано утринава, како што беше претходно предвидено и во времетраење од неколку минути, Земјата се придвижи точно помеѓу сонцето и месечината. Во тие мигови месечината влезе во фазата на целосно затемнување, феномен што се случува еднаш на секои две ипол години. Тоа беше првата...

Да се биде велосипедист во Скопје значи да си учесник во сообраќајот од втор ред

Исечени столпчиња за заштита на велосипедските патеки, паркирани автомобили на просторот каде што треба да се движат велосипедистите, необележани или несоодветно обележани велосипедски патеки, неискастрени гранки од дрва што висат над патеките, контејнери за отпад на патеките и бројни шајки, стакло, песок и други...

Герила акција: Народната мудрост посилна од лажните вести [Галерија]

Денеска на повеќе локации низ Скопје анонимни активисти поставија макети од мобилни телефони на чии екрани се претставени некои од најчесто употребуваните и најштетните дезинформации во Македонија. Покрај секоја од лажните вести напишана е по една народна поговорка или адаптација на народна мудрост која укажува...

На вежбата „Брз одговор 22“ на Криволак претставена способноста за брзо распоредување на НАТО силите [фото]

На воената вежба „Брз одговор 22“ (Swift Response 22) на армискиот полигон Криволак денеска беше претставена способноста за брзо распоредување на копнените сили на САД во Европа и Африка, заедно со мултинационалните воздухопловно-десантни сили од Европа. Пред македонскиот државен врв и медиумите, денеска беше...

Ковачевски: Како домаќини на големата и сложена НАТО вежба покажавме дека сме рамноправни со нашите НАТО-сојузници [Галерија]

Над 30.000 граѓани на Скопје и на Северна Македонија, заедно со премиерот Димитар Ковачевски, министерката за одбрана Славјанка Петровска, началникот на Генералштабот, генералот Васко Ѓурчиновски и амбасадорките на САД и на Обединетото Кралство, Кејт Брнз и Рејчел Галовеј, денеска на спортскиот аеродром „Стенковец“ присуствуваа...

Ученици и професори од три земји во „Корчагин“ садеа еко-картички како симбол за социјално претприемништво

Во средното училиште „Раде Јовчевски- Корчагин“- Скопје денеска се одржа завршниот настан од проектот „SEED – Проект за развој на образование за социјалното претприемништво“. Ученици и професори од средни училишта од Македонија, Литванија и Хрватска заедно садеа еко-картички од кои никнува цвеќе-пркос. „Преку гестот на заедничко садење...

Џафери во Украина, ги посети и Буча и Ирпин каде беа убиени стотици цивили

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, вчера беше во посета на Украина, на официјална покана на неговиот украински колега, претседателот на парламентот на Украина, Руслан Стефанчук, при што имаше средба и со украинскиот претседател Володимир Зеленски. Џафери, беше и во населбата Буча и градот Ирпин,...

Студентите ќе рециклираат и ќе добиваат пари на студентска картичка [фото]

Студентите кои се сместени во трите студентски домови во Скопје, од сега ќе можат да рециклираат пластика и лименки за што ќе добиваат надомест на својата студентска картичка. За таа цел, на иницијатива на студентите која ја прифатило раководството на домот, во влезовите во зградите...

Русија не ја уништи армијата на Украина

Не е точно дека Русите ја уништиле украинската армија, таа уште ја брани територијата на својата суверена држава. Во објавата произволно се тврди дека биле испратени 300 милијарди долари и...