Најдобрите параглајдеристи од светот го ишараа небото над Крушево [галерија]

Фото. Мета.мк

Денеска е последниот ден од Светскиот куп Крушево 2022, во кој учествуваат најдобрите светски параглајдеристи. Во текот на изминативе седум дена настапија стотици натпреварувачи од 40 земји.

„Натпревари од ваков ранг на светско ниво има само пет, а самите учесници во натпреварот велат дека условите на теренот го прават полетувалиштето за параглајдинг во Крушево едно од најдобрите“, рекоа од Општина Крушево.

Ова лето, во највисокиот град на Балканот сместен во пазувите на Бушева Планина, ќе се одржат и уште неколку други натпревари како најава за Светското првенство во летање на змејови во 2023 година.