Во Крушево почнува конференцијата „Европски вредности за иднината на земјите во Југоисточна Европа“

Главната цел на конференцијата е да се дадат иновативни решенија и стратегии за надминување на предизвиците и активно вклучување на младите во процесот на европската интеграција

извор: Младински сојуз - Крушево

Од денеска па сè до понеделник, 9 октомври, во Крушево по 21 пат ќе се одржи меѓународната младинска конференција „Европски вредности за иднината на земјите во Југоисточна Европа“ во Крушево.

Главната цел на конференцијата, како што информираат организаторите, е да се дадат конкретни, иновативни решенија и стратегии за надминување на предизвиците и активно вклучување на младите во процесот на европската интеграција.

Шеесет млади активисти и идни лидери од 16 држави ќе имаат можност во Крушево да разменуваат мислења, ставови и идеи за европската иднина на регионот и суштината на европските вредности.

На конференцијата ќе се обратат неколку говорници меѓу кои и Отто Граф – заменик амбасадор на Германија во Скопје, Анета Арнаудовска – експерт во Регионалната Инцијатива за Антикорупција, Јован Џоли Уличевич – извршен директор на асоцијација Спектра, како и Дајана Бериша – извршен директор на форум на Граѓански иницијативи од Косово.

Настанот е организиран од Младинскиот Сојуз – Крушево, со поддршка на Германската амбасада во Скопје, а во соработка со Фондацијата „Фридрих Науман“.