fbpx

Одбележан Платинестиот јубилеј – 70 години служба на Нејзиното Величество Кралицата Елизабета Втора

-

Годинава се одбележуваат 70 години служба на Нејзиното Величество Кралицата Елизабета Втора. Кралицата владее подолго од кој било друг монарх во британската историја, стана многу сакана и почитувана личност низ целиот свет и е најистакнатиот дипломат во Обединетото Кралство, кој ги зацврстуваше старите односи и градеше нови врски.

Британската амбасада Скопје вчера беше домаќин на прославата во градината на Кабинетот на претседателот на Северна Македонија, Стево Пендаровски.

Британската амбасадорка во Северна Македонија, Рејчел Галовеј одржа говор, поздравувајќи ги претседателот, премиерот и заменик-претседателот на Собранието, како и гостите и пријателите на Обединетото Кралство и Северна Македонија.

„Долгогодишните билатерални односи меѓу Обединетото Кралство и Северна Македонија продолжија да ги зајакнуваат и ги одразуваат нашите заеднички вредности и цели, како и соработката меѓу нашите институции, нашите парламенти, нашата војска и нашиот народ“, рече британската амбасадорка Галовеј.

Таа спомена дека за четири недели ја напушта земјава и направи осврт на најзначајните моменти од развојот на односите меѓу двете земји, како и евроатлантските интеграции на Северна Македонија.

„Го видов македонското знаме како гордо се вее над Молот во Лондон и гледав како Северна Македонија станува 30-та членка на НАТО. Во текот на последните неколку недели ја видов Северна Македонија како домаќин на 4.800 сојузнички трупи од 8 земји, предводени од глобалните сили за одговор на Обединетото Кралство – кои се запознаваа, се здружуваа, се обучуваа заедно и се подготвуваа заедно да одговорат на кризи. Оваа вежба се одржа во контекст на варварскиот неиспровоциран руски напад врз Украина и нејзиниот народ. И вечерва мислиме на народот на Украина“, изјави амбасадорката Рејчел Галовеј.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...