Повеќе од половина од домовите во Северодоњецк се целосно уништени од руското гранатирање

-

Жестоките борби и гранатирања во Донбас продолжуваат. Украинските власти тврдат дека од руските напади на градот Северодоњецк целосно се уништени 60 отсто од домовите, а дури 90 отсто од зградите во ова населено место со околу 100.000 жители се оштетени и ќе им биде потребна значителна поправка, јавува Би-би-си.

Стравувањата се дека Русија подготвува тактика по примерот на Мариупол за градовите од Донецкиот и Луганскиот регион. Најмалку 1.500 лица биле убиени во Северодоњецк, додека во градот се останати меѓу 12.000 и 13.000 граѓани. Нападите се постојани, а градоначалникот на Северодоњецк испрати предупредување до жителите дека екстремно е опасно да се евакуираат надвор од градот во моментов.

Укринформ јавува дека најмалку пет лица загинале во гранатирањето на населени места во Луганскиот регион. Руските сили започнале офанзива и за освојување на градот Словјанск во Донецкиот регион, а се обидуваат да го стават под контрола и градот Луман.

Украинските власти информираат дека Русија се обидува да доведе дополнителни сили од полуостровот Крим во јужните делови на Украина, јавува Укринформ. Воздушните напади продолжуваат и во другите украински региони, при што во бомбардирањата погоден е градот Днипро, но нема информации за погодените објекти и жртви.

Руските сили вчера извршија гранатирање и на градот Харкив, во којшто животот го загубија најмалку девет лица, пренесува Би-би-си. Градските власти на Харкив соопштија дека метро станиците ќе можат да бидат користени како засолништа од страна на граѓаните и во наредниот период, со цел да се избегнат цивилни жртви од руските напади.

Владата ќе ги оценува медиумите и новинарите дали објавуваат позитивни, негативни или неутрални вести

Владата преку тендер бара фирма која ќе треба да изработи софтвер за оцена на медиумското влијание, со претходен мониторинг на сите медиуми, вклучувајќи и онлајн и печатени медиуми, како и социјалните...

Новото аниме од серијалот Вичер насловено „The Witcher Sirens of the Deep“

Нетлфикс неодамна го издадоа новиот аниме серијал од универзумот на „The Witcher“ со наслов „The Witcher Sirens of the Deep“, коешто не се сложува целосно со приказните од книгите. Имено, анимето е...

Трошоците на градоначалниците од Полошкиот регион: Над 47 илјади евра за патни трошоци и службени патувања за само три години

Градоначалниците на општините од Полошкиот регион од 2022 до 2024 година за патни трошоци (гориво, патарини) и службени патувања потрошиле вкупно 2.946.717 денари или над 47 илјади евра. Порталб.мк преку Законот...

МВР го приведе, па го пушти на слобода насилникот кој крвнички тепаше жена

Откако стана вирално видеото на кое се гледа и слуша како маж на лајв стрим на ТикТок тепа жена, Министерството за внатрешни работи го приведе насилникот, за кој е потврдено дека...

Владата ќе ги оценува медиумите и новинарите дали објавуваат позитивни, негативни или неутрални вести

Владата преку тендер бара фирма која ќе треба да изработи софтвер за оцена на медиумското влијание, со претходен мониторинг на сите медиуми, вклучувајќи и онлајн и печатени медиуми, како...