fbpx

Ковачевски: Како домаќини на големата и сложена НАТО вежба покажавме дека сме рамноправни со нашите НАТО-сојузници [Галерија]

-

Над 30.000 граѓани на Скопје и на Северна Македонија, заедно со премиерот Димитар Ковачевски, министерката за одбрана Славјанка Петровска, началникот на Генералштабот, генералот Васко Ѓурчиновски и амбасадорките на САД и на Обединетото Кралство, Кејт Брнз и Рејчел Галовеј, денеска на спортскиот аеродром „Стенковец“ присуствуваа на отворениот ден за воздухоплови кој се организира во рамките на вежбата „Swift Response 22“, соопшти Министерството за одбрана..

На Стенковец можеа одблиску да се видат хеликоптерите AH-64 Apache, UH-60 Black Hawk, CH-47 Chinook, HH-60, Mi-17, Bell, авионите Zlin, а прелети над спортскиот аеродром направија авионите A-10 Thunderbolt II и ловците F-16.

Премиерот Ковачевски рече дека станува збор за најголемата воена вежба што досега се реализирала во Северна Македонија.

„Брз одговор 22“ се реализира во три региони: Арктикот, Балканскиот и Балтичкиот регион, и во неа учествуваат околу 4.600 армиски припадници од 8 различни сојузнички земји. Северна Македонија како домаќин на голема и сложена НАТО вежба, уште еднаш покажува дека нашите армиски капацитети се подготвени и оперативни да одговорат на операциите како и сите наши сојузнички армии. Вежбата, во целост ги демонстрира капацитетите и способностите на тренинг центарот на Криволак“, рече Ковачевски.

Истакнувајќи дека оваа вежба ги покажува соработката и духот на единството во Алијансата, бидејќи во неа заедно соработуваат и се надградуваат македонските но и американските, британските, француските, италијанските, црногорските, грчките и албанските армиски припадници.

„Ваквата колективна подготвеност и интероперабилност го прави НАТО најсилниот сојуз во модерната светска историја, со трансатлантски димензии. Денеска, будно следејќи ја состојбата во Украина, гледаме зошто оваа подготвеност е и повеќе од неопходна“, посочи македонскиот премиер.

Министерката Петровска им се заблагодари на граѓаните што присуствуваа на „Стенковец“ во огромен број и додаде дека денешниот отворен ден покажува силно единство и испраќа порака на заедништво помеѓу сојузниците.

„Оваа вежба демонстрира единство помеѓу сите НАТО сојузници и  испраќа многу силна порака, а тоа е дека кога сте во НАТО, не сте сами, односно сите сме заедно. Истовремено, оваа вежба и она што денеска го видовте, односно перформансот на воздухопловите покажа одлична соработка помеѓу воздухопловните власти во нашата држава и воздухопловните власти во Република Грција, кои што практично се дел од “air policing” мисијата за обезбедување на воздушниот простор на нашата држава“, рече министерката Петровска.

Амбасадорката на САД, Брнз изрази задоволство од прикажаното и порача дека вежбата „Swift Response“ е дел од заложбата за обезбедување на мирна и сигурна иднина за цела Европа. Додаде дека иако Северна Македонија само пред две години се приклучи на НАТО, земјата ги стави на располагање своите ресурси за да и помогне на Алијансата да биде подготвена и ефикасна одбранбена организација.

Британската амбасадорка во Северна Македонија, Галовеј истакна дека тоа што можеше да се види на отворениот ден е приказ на способностите на НАТО и начинот на кој што сојузниците заедно функционираат и денеска и во иднина.

На оваа вежба и претходеше вежбата „Блесок 22“, на која пешадискиот баталјон беше оценет со високи позитивни оцени.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со автоматска пушка влегол во казино во Лешок и украл над 300.000 денари

Наредба за истражна постапка против 28-годишен жител на селото Непроштено, Општина Теарце, кој е осомничен за разбојништво и поседување автоматска пушка, донесе Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово. Во...