вторник, 20 јануари, 2026
Meta.mk

Ознака: Криволак | 40 резултати

Американски војници на „Криволак“ со хеликоптери вежбаа со припадници на АРМ

10 март 2023

Министерката за одбрана Славјанка Петровска и амбасадорката на САД, Анџела Агелер денеска го посетија армискиот полигон „Криволак“, каде се изведе вежба со хеликоптери од типот „Black Hawk“ на копнените сили на САД, поддржани од припадници на Армијата, информираат од Министерството за одбрана. Министерката Петровска изрази задоволство што во изминатиот период полигонот „Криволак“ се користи од […]

На „Криволак“ претставена британската донација за брза обука на Армијата

26 октомври 2022

Специјалниот претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан, Сер Стјуарт Пич, британскиот амбасадор во земјава, Метју Лосон и министерката за одбрана Славјанка Петровска, денеска на полигонот „Криволак“ присуствуваа на примопредавањето на британска донација, што вклучува 14 мобилни единици, за обука за припадниците на Армијата во урбана средина. „Промоција на британска донација од 14 комплексни мобилни […]

Над Скопје ќе прелетаат два воени авиони „Б-52“ како гаранција за силното НАТО сојузништво

22 август 2022

Воздухопловните сили на САД во Европа и Африка ќе извршат прелети над Скопје со два воени воздухоплови од типот Б52 денеска во 14:35 часот, соопшти Министерството за одбрана. „Прелетите на воздухопловите го демонстрираат силното сојузништво во НАТО и претставуваат гарант за целата Евроатланска област вклучувајќи ја и Северна Македонија. Со цел да ја прикажат посветеноста […]

Армиски и полициски хеликоптер го гасат пожарот на Криволак, воените магацини се дополнително осигурани

27 јули 2022

Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов соопшти дека утрово изврши извидување на три активни пожари, од кои најголемиот е во Криволак. „Најголемиот пожар е на дел од подрачјето на воениот полигон Криволак каде што во моментов со дејство врз огнот започнаа еден армиски и еден полициски хеликоптер. Воените магацини се дополнително осигурани […]

Избувна пожар на армискиот полигон Криволак, се бара интервенција со хеликоптери

25 јули 2022

На армискиот полигон Криволак денеска избувна пожар, а за тоа се известени надлежните во АРМ, од каде што е побарана интервенција со хелихоптер бидејќи теренот е непристапен, информираа попладнево од Центарот за управување со кризи. Од регионалниот центар за управување со кризи во Велес, ја информирале централата на ЦУК во Скопје дека на подрачјето на […]

На вежбата „Брз одговор 22“ на Криволак претставена способноста за брзо распоредување на НАТО силите [фото]

12 мај 2022

На воената вежба „Брз одговор 22“ (Swift Response 22) на армискиот полигон Криволак денеска беше претставена способноста за брзо распоредување на копнените сили на САД во Европа и Африка, заедно со мултинационалните воздухопловно-десантни сили од Европа. Пред македонскиот државен врв и медиумите, денеска беше претставена воената вежба на која учествуваат 4.600 припадници на вооружените сили […]

Ковачевски: Како домаќини на големата и сложена НАТО вежба покажавме дека сме рамноправни со нашите НАТО-сојузници [Галерија]

8 мај 2022

Над 30.000 граѓани на Скопје и на Северна Македонија, заедно со премиерот Димитар Ковачевски, министерката за одбрана Славјанка Петровска, началникот на Генералштабот, генералот Васко Ѓурчиновски и амбасадорките на САД и на Обединетото Кралство, Кејт Брнз и Рејчел Галовеј, денеска на спортскиот аеродром „Стенковец“ присуствуваа на отворениот ден за воздухоплови кој се организира во рамките на […]

Министерката Петровска за вежбата „Swift Response 22“: Вежба на која ги покажуваме нашите способности

6 мај 2022

Министерката за одбрана Славјанка Петровска и амбасадорката на Обединетото Кралство, Рејчел Галовеј денеска на армискиот полигон „Криволак“ присуствуваа на брифинг за претставниците на медиумите на кој тие беа детално информирани за целта и за активностите за време на вежбата „Swift Response 22“, која се реализира на „Криволак“, информираат од Министерството за одбрана. Во изјавата по […]

На „Криволак“ денеска и утре здружена вежба со американски авиони Ф-18

3 февруари 2022

Два воени авиона Ф-18 од носачот на авиони на морнарицата на САД „Хари Труман“ денеска и утре, во рамките на здружена вежба на НАТО ќе извршат вежбовни активности на армискиот полигон „Криволак“, соопшти Генералштабот на Армијата на Република Северна Македонија. Станува збор дел од завршните активности на вежбата „Neptune Strike 22“, која се изведува во […]

Анализите покажаа дека вежбата Одлучен удар 21 на Криволак не предизвикала загадување на околината

15 јуни 2021

Активностите во рамките на вежбата Одлучен удар 21, која што се одржа во втората половина од мај на полигонот Криволак, не предизвикале загадување на животната средина, покажа анализата на универзитетската лабораторија АМБИКОН, со која Министерството за одбрана воспостави редовна соработка за мониторирање на влијанието на вежбовните активности на Криволак, во делот на животната средина. Со […]

Заев-Шекеринска: Моќта на НАТО е во неговото заедништво, членството не е само формалност

31 мај 2021

„Со членството во НАТО не сме повеќе сами. Северна Македонија никогаш повеќе нема да биде ниту ставена под прашалник, ниту изолирана од светот“, истакна премиерот Зоран Заев на Криволак, каде во присуство на највисокиот политичко – воен врв на Северна Македонија и високи гости од САД и сојузниците, беше реализиран Денот за високи гости на вежбата „Одлучен удар 21“. Тој додаде дека […]

Пендаровски на вежбата „Одлучен удар“ на Криволак: Првиот голем тест го положивме [Галерија]

31 мај 2021

Пред врвот на државата, предводен од претседателот Стево Пендаровски како врховен командант на армијата, потоа министри и пратеници, како и дипломатскиот кор во земјава, денеска на полигонот Криволак, на Денот на високи гости на воената вежба „Одлучен удар“ беа презентирани офанзивни операции и активности на пешадиските и специјалните единици од Армиите на Северна Македонија, САД, […]

Шекеринска – Ињац: С. Македонија со „Одлучен удар 21” праќа порака дека е НАТО сојузник на кој може да се смета

31 мај 2021

Денеска Северна Македонија со вежбата „Одлучен удар 21“ ја праќа пораката дека е НАТО сојузник на кој може да се смета, дека инвестира во својата и во регионалната безбедност, но и дека придонесува кон безбедноста и кон развојот на одбранбената соработка во Алијансата, истакна министерката за одбрана Радмила Шекеринска по работната средба со нејзината колешка […]

Прв пат на Криволак „волци“ и „зелени беретки“ вежбаа со воздушна артилерија (видео+галерија)

15 мај 2021

Македонски и американски армиски командоси на Криволак вчера ја завршија вежбата „Тројанска стапка 21“ („Trojan Footprint 21“), на која на полигонот прв пат учествуваше и авион за блиска воздушна поддршка АЦ-130Ј на американското воено воздухопловство. На Криволак „волци“ од Баталјонот на специјални сили на АРМ и „зелени беретки“ од 1.баталјон, 10 група на специјални сили […]

На Криволак во понеделник почнува вежбата „Одлучен удар 21“ – НАТО вежба одговор на агресија

14 мај 2021

Околу 1.100 македонски војници, 300 американски и тимови од армиите на Бугарија и Грција ќе учествуваат во воената вежба „Одлучен удар 21“, што од понеделник до 2 јуни ќе се одржи на Армискиот полигон „Криволак“. Вежбата е дел од комплексот вежби „Европски бранител 21“ („Defender Europe 21“) на НАТО и Армијата на САД, што се […]

Шекеринска и Брнз во посета на „Криволак“, се реконструира инфраструктурата пред вежбата „Одлучен удар 21“

26 април 2021

Припадници на инженерискиот баталјон на Армијата на РСМ и 15. инженериски баталјон на вооружените сили на САД заеднички работат на изградба на повеќе нови содржини и развој на патната инфраструктура во полигонот „Криволак“, во пресрет на најголемата воена вежба во земјава, „Одлучен удар 21“, на 17 мај. Тие денеска беа посетени од министерката за одбрана, […]

Пендаровски во обиколка на „Криволак“ пред почетокот на меѓународната вежба „Одлучен Удар-21“

19 април 2021

Претседателот Стево Пендаровски денеска беше во посета на Армискиот Полигон „Криволак“ каде беше информиран за активностите на припадниците на Армијата на Република Северна Македонија и на припадниците на 15. Инженериски баталјон од Армијата на САД, во пресрет на почетокот на големата меѓународна вежба „Одлучен Удар-21“, информираат од претседателскиот кабинет. Претседателот Пендаровски изврши обиколка на дел […]

Пред вежбата „Одлучен удар“ на Криволак подигнат КОВИД центар (галерија)

7 април 2021

На воениот полигон Криволак е подигнат КОВИД центар, како превентивен капацитет за претстојната вежба „Одлучен удар“, која ќе се одржи во мај и јуни. Полигонот за вежбата го подготвуваат инженерци на АРМ и 15. инженериски баталјон на Армијата на САД, кои пристигнаа минатиот месец. „Припадниците на 15. инженериски баталјон на Армијата на САД се на […]

Шекеринска: Пристигна првата композиција со инженерски машини за „градежната офанзива“ на Криволак (Галерија)

22 март 2021

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска на својот Фејбук профил објави дека пристигнала првата композиција со инженериски машини на железничката станица во Криволак. „Нашите инженерци заедно со 15. инженериски баталјон на Армијата на САД ќе работат на подготовка на теренот на полигонот за големата вежба “Одлучен удар 21” која ќе започне на средината на мај. Македонската […]

„Криволак“ се поднови со 60 километри патишта, добива нови капацитети

11 март 2021

Инженерците на АРМ реконструирале или пробиле 60 километри патишта на Армискиот полигон „Криволак“, кој во март интензивно се уредува во пресрет на меѓународната воена вежба „Одлучен удар 21“. Полигонот, што повеќе од една деценија се најавува како регионален полигон, добива и нови содржини, со кои се засилуваат неговите капацитети за одржување сложени воени вежби. Покрај […]

Страна 1 од 2