недела, 19 април, 2026
Meta.mk

Ознака: вежба | 31 резултати

Над Скопје ќе прелетаат два воени авиони „Б-52“ како гаранција за силното НАТО сојузништво

август 22, 2022

Воздухопловните сили на САД во Европа и Африка ќе извршат прелети над Скопје со два воени воздухоплови од типот Б52 денеска во 14:35 часот, соопшти Министерството за одбрана. „Прелетите на воздухопловите го демонстрираат силното сојузништво во НАТО и претставуваат гарант за целата Евроатланска област вклучувајќи ја и Северна Македонија. Со цел да ја прикажат посветеноста […]

Ковачевски: Како домаќини на големата и сложена НАТО вежба покажавме дека сме рамноправни со нашите НАТО-сојузници [Галерија]

мај 8, 2022

Над 30.000 граѓани на Скопје и на Северна Македонија, заедно со премиерот Димитар Ковачевски, министерката за одбрана Славјанка Петровска, началникот на Генералштабот, генералот Васко Ѓурчиновски и амбасадорките на САД и на Обединетото Кралство, Кејт Брнз и Рејчел Галовеј, денеска на спортскиот аеродром „Стенковец“ присуствуваа на отворениот ден за воздухоплови кој се организира во рамките на […]

Шекеринска со делегацијата од Вермонт: Со „Одлучен удар 21“ го положивме првиот тест по членството во НАТО

јуни 2, 2021

Високата делегација од сојузната држава на САД, Вермонт која ја предводи заменик гувернерката Моли Греј и командантот на Националната Гарда (НГ), генерал-мајор Грегори Најт, која престојува во тридневна официјална посета на Република Северна Македонија, денес престојуваше во Министерството за одбрана и Генералштабот на Армијата. За време на посетата, делегацијата остварила средби со министерката за одбрана […]

На Криволак во понеделник почнува вежбата „Одлучен удар 21“ – НАТО вежба одговор на агресија

мај 14, 2021

Околу 1.100 македонски војници, 300 американски и тимови од армиите на Бугарија и Грција ќе учествуваат во воената вежба „Одлучен удар 21“, што од понеделник до 2 јуни ќе се одржи на Армискиот полигон „Криволак“. Вежбата е дел од комплексот вежби „Европски бранител 21“ („Defender Europe 21“) на НАТО и Армијата на САД, што се […]

НАТО сними видео за „волците“ на АРМ на вежбата „Combined Resolve XV“ во Германија [видео+галерија]

март 3, 2021

Македонските специјални сили „Волци“ во Германија извежбуваат операции со американски „зелени беретки“ и колеги од други НАТО-земји, како подготовка за учество во Компонентата за специјални сили на НАТО силите за одговор. НАТО објави видео со припадници на Баталјонот за специјални намени на АРМ „Волци“, снимени на вежбата „Combined Resolve XV“ што од почетокот на февруари […]

Вистиномер: Болничка вежба за справување со Ковид-19 не претставува заговор за да се измисли пандемијата

септември 28, 2020

На Фејсбук неодамна се појави злоупотребено видео, кое потоа се сподели ширум социјалната мрежа, па и преку пост на македонски јазик, пишува „Вистиномер“. Што содржи видеото? Најпрвин слушаме анонимен глас (ликот не се појавува), кој на хрватски јазиквели дека ќе видиме видео клип во кој, пак, можат да се видат глумци во болница на кои им […]

Авионите за гаснење пожари на Дирекцијата за заштита и спасување вежбаа над Охрид (галерија)

јули 3, 2020

Специјалните авиони за гаснење пожари на Дирекцијата за заштита и спасување вежбаа над Охридско Езеро. Се тренираа различни начини на фрлање на вода и ниско летање над водени површини нешто што е многу тешко во авијацијата, а беа испробувани и други техники над езерото. Станува збор за реализација на дел од планот и програмата за […]

Седум пожари од артилериското гаѓање на Криволак го загадија Штип со ПМ10 честички

јули 3, 2019

Веќе два дена Штип во раните вечерни часови почнува да се покрива со чад, за неколку часа подоцна, особено стариот дел кај Ново Село и центарот сосема да станат обвиткани во сивило. Два дена никој не информираше за што станува збор. Од каде даоѓа чадот? Немаше информација од ниту една институција дали се работи за […]

Заедничка показна вежба на специјалните полициски едници на Македонија, Косово и Албанија

март 29, 2019

Заедничката показна вежба на специјалните полициски едници на трите земји е најдобриот доказ дека земјите од регионот умеат да испратат вистинска порака за успешна регионална соработка, рече денеска министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски по завршувањето на заедничката тактичко-показна вежба на полициите на Република Северна Македонија, Република Албанија и Република Косово денеска во касарната Ѓорче […]

МО: На Криволак не се користел осиромашен ураниум и нема да се користи

август 16, 2018

Министерството за одбрана денеска се огласи со демант на тврдењата на социјалните мрежи од вчера и денеска дека на воениот полигон Криволак се испукувале и проектили со осиромашен ураниум. Шпекулациите почнаа вчера, откако беше соопштено дека министерката за одбрана Радмила Шекеринска присуствуваше на вежба на хеликоптерски единици за копнена поддршка од САД. Притоа бргу се […]

САД ќе испратат авиони на заедничка вежба со Јужна Кореја

ноември 24, 2017

Соединетите Американски Држави ќе испратат авиони од типот „Ф-22“ во Јужна Кореја, каде би требало да учествуваат на заедничка вежба со јужнокорејската војска, јавиле денеска медиумите во Сеул, пренесуваат агенциите. Според медиумите, во Јужна Кореја ќе бидат испратени шест авиони „Ф-22 раптор“ за воздушни борби и со можност за гаѓање цели на земја, кои во […]

Вежба на специјалните единици на МВР во касарната „Илинден“

октомври 21, 2017

Припадниците на специјалните единици на Министерството за внатрешни работи денеска во касарната „Илинден“ во Скопје ќе изведат вежба насловена „ВИП 2017“. На вежбата ќе учествуваат Единицата за специјални задачи и Одделот за заштита на определни личности и објекти, информираат од МВР.

Сирени и затворање раскрсници кај амбасадата на САД утре поради вежба

септември 29, 2017

Сирени за тревога ќе се огласат утре претпладне во Скопје, а раскрсниците кај амбасадата на САД ќе бидат затворени, поради заедничката вежба што ќе ја вршат припадници на Министерството за внатрешни работи (МВР) и персоналот од амбасадата на САД во рамките на амбасадата. Како што соопшти МВР, сирените ќе може да ги чујат граѓаните на […]

Американски бомбардери изведоа вежба во близина на Северна Кореја

август 31, 2017

Американските стратешки бомбардери, кои можат да носат нуклеарно оружје, изведоа заедничка вежба со јужнокорејските сили во близина на источниот брег на Јужна Кореја. Војската на Јужна Кореја соопшти дека станува за вежба во која учествуваат два американски бомбардери „Б-1Б“ и четири „Ф-35“ како и јужнокорејските бомбардери „Ф-15“. Северна Кореја потврди дека во вторникот лансирала ракета […]

АРМ вежбајќи за утре ги вознемири скопјани со плотун

август 17, 2017

Силен татнеж вечерва, околу 19 часот ги вознемири скопјани. Од МВР за „Мета“ соопштија дека станува збор за истрелан плотун, како дел од подготовките на Армијата на Република Македонија, за утрешното одбележување на 18 Август – Денот на АРМ. Од Министерството за одбрана и од Генералштабот на АРМ претходно соопштија дека пред почетокот на утрешната […]

Воената вежба на американската и на македонската војска почна на Криволак

јули 31, 2017

Премиерот Зоран Заев, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, министерката за одбрана Радмила Шеќеринска и американскиот амбасадор Џес Бејли денеска се на Криволак, каде што присуствуваат на изведувањето на заедничката воена вежба на македонската и на американската војска „Змеј заштитник 17“ (Dragoon Guardian 17). При пристигнувањето на американските војници во Македонија, Бејли изјави дека „САД работат на тоа […]

Хеликоптери ги исплашија скопјани, од Генералштабот велат дека е вежба

мај 4, 2017

Хеликоптери на АРМ околу пладне исплашија скопјани, откако триесетина минути летаа над централното подрачје на Скопје. Се јавивме во Генералштабот на АРМ, од каде ни кажаа дека нема причини за паника, бидејќи не станува збор за никаква вонредна ситуација, туку во прашање се редовни вежбовни активности – и на пилотите и на други припадници на […]

Митко Чавков на „Фејсбук“ се пофали дека присуствувал на обука на специјалците

април 12, 2017

Директорот на Бирото за јавна безбедност при МВР, Митко Чавков, на својата официјална фејсбук-страница денеска и вчера се пофали дека бил на вежбата на Единицата за брзо распоредување (ЕБР) и објави фотографии, а денеска и седумминутна видеоснимка со многу пукање. ЕБР на полигонот Пенуш, близу Штип, во рамки на редовните обуки за специјалните полициски единици […]

Морнаричките „фоки“ на САД ги обучуваат специјалците на АРМ и на МВР

февруари 13, 2017

Денеска во базата на Единиците за брзо распоредување на МВР во касарната „Ѓорче Петров“ се одржа завршната вежба од обуката на припадниците на специјалните единици на Министерството за внатрешни работи и на Армијата на Република Македонија, што до 31 јануари до денеска ја спроведуваа тимови на специјалната едница на САД – „Фоки“. На вежбата присуствуваа […]

Украинска вежба покрај Крим, Русија на готовност

ноември 30, 2016

Руските против воздушни сили на одбрана се на највисоко ниво на готовност пред планираната вежба за лансирање на проектили покрај Крим. Украинските вежби се закажани за 1 и 2 декември, а украинските власти велат дека тие се легитимни и дека ќе бидат изведени според сите меѓународни обврски и договори. Москва се противи на плановите за […]

Страна 1 од 2