fbpx

Седум пожари од артилериското гаѓање на Криволак го загадија Штип со ПМ10 честички

-

Веќе два дена Штип во раните вечерни часови почнува да се покрива со чад, за неколку часа подоцна, особено стариот дел кај Ново Село и центарот сосема да станат обвиткани во сивило.

Два дена никој не информираше за што станува збор. Од каде даоѓа чадот? Немаше информација од ниту една институција дали се работи за опасно загадување и кои мерки кои треба да ги преземат граѓаните.

Единствената информација дојде по барање на новинарите од Територијалната противпожарна единица во Штип, од каде соопштија дека нема пожар, ниту гори градската депонијата.

Денеска конечно се потврдија претпоставките дека чадот доаѓа од полигонот Криволак, каде веќе неколку дена се изведува мултинационалната вежба „Одлучен удар“. Од АРМ потврдија дека се работи за пожар на трева и нискостеблеста шума, во чие гаснење интервенирале и авионите.

– Од артилериското гаѓање на воената вежба во Криволак, вчера имаше седум помали пожари, од кои четири се сосема изгаснати, додека три се локализирани. Од тие има еден кој е на површина од 500 метри – изјави Тони Јаневски, портпарол на АРМ.

Поради предвидениот интензитет на вежбата, според Јаневски, АРМ уште пред почетокот ги ангажирала Институот за јавно здравје и Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип, кои ги работат мерењата на водата, воздухот и почвата.

Професорот Дејан Мираковски, кој ги раководи мерењата, потврди дека се работи за чад со концентрација на ПМ10 честичките, кои ги има во прашината.

– Измерени се максимални вредности од 120 милиграми на метар кубен. Овие вредности се задржаа неколку часа, сè до полноќ, кога почнаа да се намалуваат – изјави Мираковски.

Воената вежба ќе трае уште шест дена, меѓутоа, од АРМ најавуваат дека активностите со боевото гаѓање завршуваат до петок. До тогаш веројатно Штип ќе живее со чадот од Криволак.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...