fbpx

Иако се издвоија над 3 милиони денари, потпорните ѕидови кај тетовска Бања не се изградија

Иако Општина Тетово од буџетот за 2019 година издвои пари за изградба на заштитниот ѕид кај Градска бања во Тетово, проектот досега не е реализиран. Некои од ѕидовите на оваа локација, за кои „Порталб.мк“ редовно информира, претставуваат голем ризик за граѓаните и се речиси...

Сè уште не профункционираа семафорите на новиот булевар „Христијан Тодоровски – Карпош“ во Бутел

Една недела по пишувањето на „Порталб.мк“, семафорите на една од двете раскрсници на булеварот „Христијан Тодоровски - Карпош“ во скопската општина Бутел и понатаму се нефункционални, иако тоа претставува опасност за возачите, но и за пешаците што се движат по новата сообраќајница. Возилата на овој...

НАкС бара вонреден инспекциски надзор и прекинување на постапката за избор на ректор на УКИМ

Прекинување на постапката за избор на Ректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ денеска побара Независниот академски синдикат (НАкС), кој поднесе нова претставка до Државниот просветен инспекторат (ДПИ). Претставниците на Синдикатот го повикаа ДПИ да постапи и по претходните претставки поднесени од НАкС и...

Две години по Преспанскиот Договор, земјава е членка на НАТО и пред старт на преговорите за ЕУ

Две години по Договорот од Преспа, од тотална изолација на меѓународната сцена, Северна Македонија стана членка на НАТО и се врати на агендата за проширување на Европската Унија, истакна техничкиот премиер Оливер Спасовски на денешниот настан за одбележување на годишнината од потпишување на Преспанскиот...

Нови 193 случаи на ковид-19 од 1.391 тестирање, починаа 9 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.391 тестирање, а регистрирани се 193 нови случаи на ковид-19. Од нив во: Скопје  140, Куманово 2, Дебар 1, Штип 6, Тетово 19, Струга 5, Велес 2, Охрид 11, Гостивар 4, Свети Николе...

Заболе сестра од Неонaтологија од Штип, седум родилки со бебињата во изолација

Позитивна на ковид-19 е медицинска сестра од Неонaтолошкиот оддел на Гинеколошко – акушерското одделение до Клиничката болница во Штип, по што седум родилки од Источниот регион, со нивните бебиња, се ставени во изолација. Направена е дезинфекција на одделението. Ова пополаднето го потврди директорот на...

Лани немало дивоградби во Сарај, Гази Баба и Арачиново, а за Центар, Карпош и Аеродром нема податоци

Годишниот извештај на Државниот завод за статистика (ДЗС) за бројот на бесправно изградени објекти за 2019 година полн со нејаснотии. Статистичарите информираат дека не добиле податоци за бројот на дивоградби за поголемите скопски општини Центар, Аеродром и Карпош. Во овие општини има интензивни градежни...

Крајот на вонредната состојба ќе ги „одмрзне“ цените на маските, јужното овошје и основните прехранбени производи

По завршувањето на вонредната состојба престануваат да важат неколку одлуки кои го ограничуваа порастот на цените на основните прехранбени производи, јужното овошје и заштитната опрема, а кои беа донесени за да се спречат манипулации во трговијата по појавата на корона вирусот. Министерството за економија ги...

Се шири заразата и во осма поголема компанија во Штип

Вкупно пет случаи на ковид-19, заедно со најновите денешни, се потврдени во поголема штипска компанија од кожарско-текстилната индустрија. На почетокот од неделата во компанијата беа потврдени три случаи, а со денешните два нови, тој број порасна на пет. Сопственикот, како што потврдија од Центарот...

Нема ден, а да нема прекршување на мерката за изолација и самоизолација од несовесни граѓани

Изминатата недела, секој ден имало прекршувања на мерката изолација и самоизолација, покажуваат податоците од Министерството за внатрешни работи. Од минатата среда, заклучно со денес, 19 лица не ја почитувале оваа мерка. Најмногу од нив (шест) се евидентирани во петокот, на 12 јуни. За викендот...

НБРМ: Растат девизните резерви, основната каматна стапка останува на нивото од 1,5 отсто

Најновите економски показатели во домашната економија покажуваат дека растот на економската активност значително забавил во првиот квартал од годинава и изнесувал 0,2 отсто на годишна основа, наспроти раст од 3,4 отсто во претходниот квартал. Случувањата поврзани со појавата на ковид-19 во глобални рамки, како...

Граѓанските асоцијации формираа Национална коалиција за клима

Се формира Нацинална коалиција за клима од граѓански организации кои работат на едукација и информирање за овие теми, со цел зголемување на учеството на граѓаните во носењето на одлуки и мониторирање на спроведувањето на истите. - Започнуваме една убава приказна наречена граѓанска Коалиција за клима...

МРТ ги објави правилата за медиумско покривање на изборите, но само за првиот програмски сервис

Македонската радио-телевизија (МРТ) ги објави правилата за медиумско покривање на претстојните парламентарни избори што ќе се одржат на 15 јули. Како што се наведува во објавата, станува збор за обврски на јавниот радиодифузен сервис МРТ 1 пропишани во Изборниот законик. Во овие правила е...

МБА: Корисниците на платежна картичка да чекаат информации од банките и да не прават метеж пред филијалите

Македонската банкарска асоцијација (МБА) соопшти дека сите членки вклучени во проектот „Купувам домашно“, преку кој во следните недели треба да се изработат и дистрибуираат до крајните корисници над 330.000 платежни картички, се посветени на неговата реализација, преземајќи ги сите мерки соодветни за заштита на...

Средношколците се жалат дека класните раководители им барале пари за свидетелства, директорите негираат

Според Сојузот на средношколци на РСМ, класните раководители во средните училишта во државава на учениците им барале пари за свидетелства, во спротивно учениците не ги добивале истите сè додека не ја платат предвидената такса. Во Сојузот на средношколци сметаат дека барањето пари од учениците...

За 15 години двојно зголемен бројот на повредени велосипедисти во сообраќајни несреќи (инфографик)

Бројот на сообраќајни несреќи во кои учествуваат велосипедисти за период од една и пол деценија речиси двојно се зголемил. Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека во 2019 година во сообраќајни незгоди загинале тројца велосипедисти, додека 232 возачи и патници на велосипеди биле...

Мнозинство млади лица би се иселиле во земја со повисоки даноци

Дури 7 од 10 македонски граѓани на возраст од 18 до 24 години би сакале да плаќаат повисоки даноци и да живеат во странство, додека постарите лица повеќе би сакале да плаќаат пониски даноци и останат да живеат во земјава, покажува новата студија на...

Од утре се отвораат сите гранични премини, но со посебни услови за влез во земјава

Владата на денешната седница донесе одлука од утре, 17 јуни, да се отворат сите гранични премини во земјата со примена на мерките што се активни, при што за влез во Северна Македонија е задолжително да се приложи валиден негативен ПЦР тест, не постар од...

Владата донесе уредба со која се овозможува и приватните болници да лекуваат болни од ковид-19

Владата на денешната седница ја дополни Уредбата со законска сила за примена на Законот за здравствената заштита за време на вонредна состојба. „Со ова, и приватните здравствени установи, во рамките на вршењето на дејноста за интензивна нега и терапија, ќе можат да укажуваат здравствени услуги...

Хотелите и другите угостителски објекти за сместување отвораат од понеделник

Владата на денешната седница го донесе Протоколот за работа на угостителски објекти за сместување во хотели и други угостителски објекти за сместување, и тој започнува да важи од понеделник, 22 јуни. „Протоколот ги уредува процедурите за хотелско-сместувачкиот дел на објектите, потоа препораките и мерките за...

В понеделник ќе биде врачена наградата „Роман на годината“

Во понеделник, на 20 мај, во Драмскиот театар во Скопје, со почеток во 19 часот и 30 минути ќе се одржи свечено врачување на наградата „Роман на годината“ за...