За 15 години двојно зголемен бројот на повредени велосипедисти во сообраќајни несреќи (инфографик)

-

Бројот на сообраќајни несреќи во кои учествуваат велосипедисти за период од една и пол деценија речиси двојно се зголемил. Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека во 2019 година во сообраќајни незгоди загинале тројца велосипедисти, додека 232 возачи и патници на велосипеди биле повредени. Ваквата бројка е помала во споредба со 2018 година, но значително поголема ако се согледа статистиката за повредени и загинати велосипедисти за периодот од пред една и пол деценија наназад.

Пред една и пол деценија, во 2004 година во сообраќајни несреќи загинале девет велосипедисти, а биле повредени 167 лица кои возеле точак. Периодот пред 2004 година покажува дури и пониски бројки на загинати и повредени лица. Сепак, во изминативе една и пол деценија се зголемила опасноста за велосипедистите да настрадаат при учество во сообраќајот, која што пораснала паралелно со зголемувањето на бројот на регистрирани возила во нашата земја, но и со порастот на прекршувањата на сообраќајните правила од возачите.

Статистичките податоци покажуваат дека најмногу загинати и повредени велосипедисти се во возрасната категорија од 25 до 64 години (вкупно тројца загинати и 125 повредени лица во 2019 година), додека по нив следуваат старите лица со над 65 години, со 33 повредени лица во текот на минатата година.

Македонија е една од ретките европски земји во која не е изградена ниту една посебна велосипедска патека која што служи за поврзување на два града во земјава, ниту пак постојат велосипедски патеки што ги поврзуваат блиските приградски населби со градовите. Засебен простор за движење на велосипедистите има единствено во градските средини. Сепак, дури и во Скопје, одредени градски населби, како што се Радишани, Сарај и Драчево, немаат велосипедски патеки со кои би се овозможило непречено движење на велосипедистите до и од центарот на градот.

Владата ја донесе Националната стратегија за сајбер безбедност 2025–2028 година

Денеска, на прес-конференција во Владата, министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски, официјално ја претстави Националната стратегија за сајбер безбедност 2025–2028 година, стратешки патоказ за зајакнување на отпорноста и безбедноста на државата...

170 жени годишно заболуваат од рак на грло на матка, болеста може да се спречи со вакцинација

Според податоците на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), во Македонија се забележува дека бројот на нови случаи за 2022 година со рак на грлото на матка изнесува 173, а бројот на...

СЕММ: Најмногу жалби за онлајн медиумите, најчесто се прекршува првиот член од Кодексот на новинари

Најголем дел од жалбите кои лани стигнале до Комисијата за жалби при Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), се однесуваат на интернет порталите - за онлајн медиумите минатата година...

Директорот на „Блекрок“ не рекол дека „целта на депопулацијата е да се замени човечкиот труд со ВИ“

Вистиномер рецензираше објава на социјалната мрежа Фејсбук во која се споделува видеоматеријал и во описот пишува: 15.01.2025 Извршниот директор на BlackRock објаснува како вистинската цел на депопулацијата е полесно да се замени човечкиот труд со вештачка...

Владата ја донесе Националната стратегија за сајбер безбедност 2025–2028 година

Денеска, на прес-конференција во Владата, министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски, официјално ја претстави Националната стратегија за сајбер безбедност 2025–2028 година, стратешки патоказ за зајакнување на отпорноста и безбедноста...