fbpx

Иако се издвоија над 3 милиони денари, потпорните ѕидови кај тетовска Бања не се изградија

-

Иако Општина Тетово од буџетот за 2019 година издвои пари за изградба на заштитниот ѕид кај Градска бања во Тетово, проектот досега не е реализиран. Некои од ѕидовите на оваа локација, за кои „Порталб.мк“ редовно информира, претставуваат голем ризик за граѓаните и се речиси пред паѓање. Општинските власти ни рекоа дека планот за изведба е променет и сепак ќе се изградат каскади, а земјата ќе се копа скалесто, пишува „Порталб.мк“.

Иако поминаа три години од изградбата на патот до бањата во Тетово, истиот сé уште не може да се смета за безбеден за пешачење поради појавата на свлечишта на земјиштето.

Во јули минатата година беше потпишан договор во вкупен износ од 3.227.012,58 денари, а тетовската градоначалничка Теута Арифи тогаш вети дека овој проект ќе биде завршен во рок од 8 месеци. Сепак, помина 1 година и потпорните ѕидови сè уште не се реализирани.

„Реализацијата на овој проект е во согласност со стратегискиот приоритет вклучен во стратегијата за рурален развој на Општина Тетово за периодот 2015-2020 година. Вкупната вредност на проектот изнесува 3.227.012,58 денари со што се очекува да се изгради бетонски заштитен ѕид на патот Тетово – Бања – Шипковица – Бродец, со цел да се заштити брегот на реката и локалниот пат што води кон Бродец. Реализацијата на овој проект ќе овозможи побезбеден сообраќај за сите кои живеат во ова село, но и за сите жители на Тетово кои го користат овој пат за рекреативни цели, бидејќи истиот води кон тетовската Бања“, се вели во Фејсбук објавата на Општина Тетово од 11 јули 2019 година.

На прашањето зошто овој проект не е реализиран, од Општина Тетово денеска ни рекоа дека е изменет планот, затоа што било проценето дека ѕидот може повторно да се оштети.

„Планот за потпорни ѕидови во Градската бања е изменет, затоа што експертите оценија дека истите може повторно да се оштетат. Тие сакаат да направат каскади (водопади), да ја ископаат земјата скалесто“, велат од Општина Тетово.

Покрај тоа, проблем во Градската бања претставува еден потпорен ѕид што е веќе изграден. А, истиот е во многу лоша состојба и е речиси пред паѓање. Иако оваа тема била актуелизирана веќе неколку пати, овој ѕид никогаш не бил среден од општинските власти.

Инаку, пред извесно време неколку граѓански активисти поставија илустрација на две лица, кои го држат потпорниот ѕид за да не пропадне со цел, како што рекоа, „да спречат голема катастрофа“, анимирајќи ја јавноста за овој горлив проблем.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Сенатот изгласа 95 милијарди за Украина и Израел, но и потенцијална забрана за ТикТок

Сенатот на САД, односно горниот дом на Конгресот, изгласа предлог-закон кој вклучува хуманитарна и воена помош за Украина, Израел, Газа и Тајван во вредност од 95 милијарди долари, но...