fbpx

Се шири заразата и во осма поголема компанија во Штип

-

Вкупно пет случаи на ковид-19, заедно со најновите денешни, се потврдени во поголема штипска компанија од кожарско-текстилната индустрија. На почетокот од неделата во компанијата беа потврдени три случаи, а со денешните два нови, тој број порасна на пет. Сопственикот, како што потврдија од Центарот за јавно здравје од Штип, одлучил да го прекине производството во наредните седум дена.

Во меѓувреме, се земаат анкети од заболените и поголем број на луѓе се ставени во самоизолација. Од Центарот велат голем е бројот на контакти што го имале заболените, кои се дружеле меѓусебно на пауза. Освен тоа, машините во погонот се многу блиску поставени, што дополнително ја усложнува ситуацијата.  

И овие вработени патувалe со автобус на работа, но колку се почитувани препораките, тешко е да се каже.

„Генерално, во Штип не се почитуваат препораките. Ова важи за сите. Дадени се препораки, но, не се почитуваат од граѓаните“, изјави Марија Димитрова, директорка на Центарот за јавно здравје во Штип.

Како што дознаваме, денеска има уште неколку работници, кои дошле на работа со симптоми.

Инаку, првата конфекција од каде почнаа првите случаи на заболени, сè уште е затворена и по изминувањето на три недели. Таму повторувањето на тестовите сè уште не е завршено. По скринингот беа утврени 53 позитивни од 110 работници. Зошто толку време трае овој процес, од Центарот за јавно здравје немаа одговор.

Денеска бројот на нови случаи во Штип е едноцифрен, а до вчера имаше 202 активни случаи со ковид-19, од кои 21 на болничко лекување. 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...