недела, 17 мај, 2026
Meta.mk

Ознака: Центар за јавно здравје | 31 резултати

Во Прилеп е во замав пандемијата со ковид-19, неделно заболуваат по 400 лица

март 30, 2021

Пандемијата од ковид-19 во Прилеп зема замав. Во овој втор бран се евидентираат неделно преку 400 заболени лица, што е на нивото на бројот од времето кога првиот бран на корона вирусот го достигна пикот во овој град. Од одделот за епидемиологија во Центарот за јавно здравје апелираат сите граѓани да се придржуваат до заштитните […]

Директорот на Центарот за јавно здравје – Охрид апелира да престане објавувањето на списоци со ковид пациенти

ноември 10, 2020

Од ден на ден сѐ поголемиот број на новозаболени со ковид-19 не е единствениот проблем со кој се соочуваат охриѓани кога станува збор за пандемијата. Имено, од неодамна по социјалните мрежи кружат списоци со лични податоци наводно на пациенти заразени од ковид-19 од градот, што поттикна бурна дебата по социјалните мрежи, но и медиумите. Директорот […]

Стојанов: Има место за уште 1.000 хоспитализации, ако се исполнат, следен чекор е карантин

ноември 2, 2020

Рестораните, кафулињата, кафеаните да работат до 21 часот наместо до 23 како досега, предлага Комисијата за заштита од заразни болести. Предлогот е одобрен од владиниот кризен штаб, а дека се планира ова, за Мета потврди и д-р Александар Стојанов, директорот на Центарот за јавно здравје. Тој вели дека во државата има отприлика место за уште […]

Студенти и административци ќе им помагаат на здравствените власти во справувањето со ковид-19

октомври 30, 2020

Студенти по општа медицина и административни службеници ќе бидат прераспределени за изработка на решенијата за изолација и за анкетните листови во државните институции што се борат против ковид-19. Министерот за здравство Венко Филипче денеска ги посети студентите од шеста година по општа медицина, кои помагаат во изработката на анкетните листови во Институтот за јавно здравје. […]

Пламна ковид-19 на Балканот, државите од регионот повторно воведуваат рестрикции [инфографик]

октомври 21, 2020

Европа е повторно жариште на нов бран на заразени со ковид-19, болеста што ја предизвикува новиот корона-вирус. Балканскиот полуостров е особено зафатен со новиот наплив на заразени. Кривите на графиконите на сите земји во регионот се движат во нагорна линија, нешто што здравствените експерти и епидемиолози го најавуваа уште пред неколку месеци. Ниските температури, а […]

Филипче: Набавуваме брзи тестови кои за 15 минути детектираат ковид-19

септември 29, 2020

Министерот за здравство Венко Филипче во вчерашното гостување во дебатната емисија „Топ Тема“ најави дека се планира надградување на стратегијата за тестирање од корона вирусот во земјава. Тој изјави дека за кратко време ќе започнат со набавка на брзи тестови за детектирање на вирусот, кои за 10 до 15 минути го детектираат вирусот без лабораторија […]

Фондот на лабораториите во иднина ќе им плаќа по 1.850 денари за направен корона тест

септември 24, 2020

Фондот за здравствено осигурување за 50 отсто помалку ќе им исплаќа на лабораториите за изработка на ковид тестовите, јавува „СДК.мк“. Наместо досегашните 3.600 денари, исплатата за направен корона тест на државните болници и лаборатории ќе изнесува 1.850 денари. Граѓаните и во иднина ќе можат да се тестираат бесплатно во јавното здравство, но од Фондот се […]

Од денеска со еден негативен тест за оздравени од ковид-19 ќе се сметаат пациентите на домашно лекување

август 25, 2020

Од денеска, во системот на МојТермин, во функција е новиот алгоритам за евиденција на оздравени пациенти од ковид-19, кој се однесува на пациентите на домашно лекување, но не ги опфаќа хоспитализираните пациенти. За прв ден на заболување се зема денот на првиот потврден позитивен тест, информираат од Министерство за здравство. „За разлика од досегашниот алгоритам, […]

Светиниколчани заборавени – остануваат по месец и пол во изолација

јули 27, 2020

Во двете општини Свети Николе и Лозово активни се 181 случај на ковид-19, иако значаен дел од нив се повеќе од еден месец во изолација, во исчекување некој да ги тестира и потврди дека повеќе не се позитивни. Брисевите ги земаат вработени во Центарот за јавно здравје во Велес, кои за потребите на жителите на […]

Епидемиолозите предупредуваат дека на есен случаите на ковид ќе бидат многу побројни од сега

јули 18, 2020

Собирањето на повеќе луѓе на едно место, како што последно се случи вечерта по изборите или сите други приватни собири на кои секојдневно сме сведоци, можат да го зголемат бројот на новозаразени лица со ковид-19, предупредуваат епидемиолозите, кои нагласуваат дека ако не се почитуваат препораките за лична заштита, бројот на нови случаи на ниво на […]

За првпат бројот на оздравени лица е значително повисок од бројот на новозаразени со ковид-19

јули 10, 2020

Министерството за здравство денеска регистрирало 205 случаи на новозаболени лица од ковид-19 во земјата, 336 оздравени пациенти, како и шестмина починати лица. Она што може да се забележи е дека бројот на оздравени пациенти е најголем во едно деноноќие (336) од почетокот на епидемијата, а во исто време, овој број за првпат е и значително […]

Разрешен директорот на ЦЈЗ Скопје, Арбен Зибери, нов в.д. директор е Александар Стојанов

јуни 26, 2020

Министерството за здравство информира дека е разрешен в.д. директорот на Центарот за јавно здравје Скопје, д-р. Арбен Зибери. На негово место е назначен епидемиологот д-р Александар Стојанов. „Одлуката следува откако Зибери на својот профил на Фејсбук, пласира неточни изјави изјави во јавноста со што директно наштети на угледот на членовите на Комисијата за заразни болести, […]

Контраспин: ДУИ како и ВМРО-ДПМНЕ – епидемијата им е ринг за изборни цели

јуни 26, 2020

Контроверзните тврдења на д-р Арбен Зибери, кандидат за пратеник од ДУИ, дека издејствувал(ле) отворање на границите „без протоколите од СЗО“ за да дојдат Албанците од дијаспората и да гласаат за ДУИ, се директно подривање на довербата во Комисијата за заразни болести и здравствено-политичките власти, со што се создава опасност по јавното здравје Д-р Арбен Зибери, […]

Филипче: Зибери користи евтина и лоша предизборна реторика

јуни 25, 2020

Не е вистина изјавата на директорот на Центарот за јавно здравје Арбен Зибери, дека тој како член на Комисијата за заразни болести, издејствувал да се отворат границите и за да можат иселениците Албанци да дојдат да гласаат. Тој воопшто не е член на комисијата, а ова е само евтина предизборна реторика, оцени министерот за здравство […]

Се шири заразата и во осма поголема компанија во Штип

јуни 17, 2020

Вкупно пет случаи на ковид-19, заедно со најновите денешни, се потврдени во поголема штипска компанија од кожарско-текстилната индустрија. На почетокот од неделата во компанијата беа потврдени три случаи, а со денешните два нови, тој број порасна на пет. Сопственикот, како што потврдија од Центарот за јавно здравје од Штип, одлучил да го прекине производството во […]

Реката Вардар е место за фрлање отпад и извор на болести, ќе успееме ли да го прочистиме до 2026 година? (видео)

јуни 15, 2020

Бактериолошки во највисока четврта категорија на загадување, додека хемиски може да се случи да биде меѓу четврта и петта категорија на загадување во зависност од годишното време и водостојот. Ова е тажниот резултат од испитувањето на квалитетот на водите на реката Вардар во Скопскиот регион, којшто со години наназад го добива доктор Љупчо Костадиновски, специјалист […]

ЦЈЗ Прилеп: Дезинформације е тврдењето дека населбата „Тризла“ е жариште на корона вирусот

мај 15, 2020

Центарот за јавно здравје – Прилеп ги демантира дезинформациите објавени од страна на општинскиот комитет на опозициската ВМРО-ДПМНЕ дека во населбата „Тризла“ се појавиле повеќе позитивни случаи на корона вирусот. Од Центарот за јавно здравје потенцираат дека во оваа населба има само седум регистрирани случаи од вкупно 193 во општина Прилеп. – Петмина од седумте […]

Османи: Време е за меки мерки наместо полицискиот час и затворањето на бизнисите

мај 3, 2020

Вицепремиерот Бујар Османи на денешната средба со директорот на Центарот за јавно здравје во Скопје, Арбен Зибери, го изразил својот став дека е време за многу помеки мерки од досегашните. – Време е со паметна комбинација на меки мерки да ги замениме полицискиот час и затварањето на бизнисите – вели Османи, посочувајќи на задолжителното носење […]

Филипче: Термокамерата и епидемолози на аеродромот „ловат“ заразени со коронавирусот

јануари 28, 2020

Термокамерата на скопскиот аеродром е веќе во функција, таму дежураат епидемиолози од Центарот за јавно здравје, а доколку некој од патниците е сомнителен за коронавирусот, со специјално возило на Брза помош ќе биде пренесен на Клиниката за инфективни болести во Скопје, рече министерот за здравство Венко Филипче денеска одговарајќи на новинарско прашање за состојбата со […]

Ревизија: Проблематична исплата на плати и незаконски набавки во Центарот за здравје во Тетово

октомври 7, 2019

Недоследности во исплата на плати, проблематична систематизација на работни позиции, избор на директор без конкурс, сопственички проблем за просторот, отсуство на конкуренција во јавните набавки – ова се серија на забелешки и слабости кои ги открива државниот ревизир во работењето на ЈЗУ Центар за јавно здравје – Тетово. Центарот е значаен, бидејќи располага со акредитираната […]

Страна 1 од 2