петок, 23 јануари, 2026
Meta.mk

Ознака: изолација | 60 резултати

Решенијата за изолација поради ковид-19 ќе се објавуваат на веб-страницата на ДСЗИ

2 февруари 2022

Решенијата за лицата кои треба да бидат во изолација поради ковид-19 да се објавуваат на веб страницата на Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) и дополнително во „Службен весник“ во најбрз можен рок, одлучи Владата на вчерашната седница. Надлежните уверуваат дека притоа нема да бидат објавувани личните податоци на граѓаните, односно целосно ќе бидат запазени […]

Влада: Асимптоматските случаи на ковид-19 ќе бидат во изолација седум дена

27 јануари 2022

Владата на синоќешната седма редовна седница реши и периодот на изолација или карантин поради ковид-19 да се намали на седум дена, наведувајќи дека тоа е по препорака од Главниот координативен кризен штаб донесена на предлог на Комисијата за заштита од заразни болести поради полесната клиничка слика што ја предизвикува сојот Омикрон. Согласно овие препораки, на […]

Периодот на изолација да трае седум наместо десет дена, предлага Кризниот штаб

25 јануари 2022

Главниот координативен кризен штаб синоќа ја одржа својата втора седница, на која министерот за здравство Беким Сали ја презентираше актуелната состојба со пандемијата предизвикана од ковид-19, информираат оттаму. „На седницата се дискутираше и се усвои препорака за кратење на периодот на изолација после позитивен ПЦР ковид тест од 10 на 7 дена. Препораката е врз основа […]

Вистиномер: Целосно вакцинираните не одат во изолација, иако биле во контакт со позитивен на ковид

29 август 2021

Во изолација одат сите позитивни граѓани, како и невакцинираните и непрележаните нивни контакти. Вакцинираните со две дози, како и прележаните пред максимум 45 дена, не одат во изолација, иако имале контакт, велат од Центарот за јавно здравје – Скопје. Според протоколите на СЗО, во изолација не оди вакциниран со две дози, ако поминале 14 дена […]

Почна церемонијата за отворањето на Летните олимписки игри во Токио

23 јули 2021

Свечената церемонија на отворањето на Летните олимписки игри (ЛОИ) во Токио започна во 13 часот, а за првпат во својата историја спектакуларниот настан се одржува пред минимален број на гости, јавува Би-би-си. Како публика на токискиот стадион има само околу 1.000 присутни делегати и останати гости. Поради ковид пандемијата, ЛОИ во Токио се соочуваат со […]

Министерката Царовска во самоизолација поради контакт со позитивно лице на ковид-19

12 февруари 2021

Министерката за образование и наука, Мила Царовска е во изолација поради контакт со позитивно лице на корона вирус. Поради тоа, на јавната дебата за државната матура организирана од Клубот на младински прашања и политики, која што треба да се одржи денеска, ќе учествува претставник од министерството. Инаку, пред три дена претставници на Сојузот на средношколци […]

За 20 отсто е намален бројот на решенија за изолација, а за 60 отсто бројот на затворени угостителски објекти

5 јануари 2021

Во периодот од 28 декември 2020 година до 3 јануари 2021 година, од страна на седумте инспекциските служби се спроведени вкупно 5.718 надзори и контроли, по основ на почитување на здравствените протоколи и материјалните закони, беше истакнато на денешната прес-конференција на претседателката на Инспекцискиот совет, Магдалена Филиповска-Грашкоска. „Податоците од надзорите на Државниот санитарен и здравствен […]

За една недела издадени 11.523 решенија за изолација и домашно лекување од ковид-19

11 ноември 2020

Речиси две недели откако инспекциските служби постапуваат според новите, поголеми овластувања, извршените контроли низ земјава покажуваат намалување на бројот на изречени кривични и прекршочни пријави, информираше на денешната прес конференција, претседателката на Инспекцискиот совет, Магдалена Филиповска Грашковска. Здравствените инспектори за периодот од 2 до 8 ноември издале 11.523 решенија за изолација и домашно лекување на […]

Кризниот штаб во Прилеп утре ќе заседава поради зголемениот број заболени од ковид-19

25 август 2020

Во Прилеп енормно расте бројот на заболени од корона вирус. Само во последните 24 часа се евидентирани 15 нови случаи. Поради зголемениот број на новозаразени, утре ќе заседава општинскиот Кризен штаб со којшто раководи градоначалникот Илија Јованоски. „Активни се 77 случаи, а од нив 63 се на домашно, додека 14 на болничко лекување. Во домашна […]

Жител на Струга требало да седи во изолација, а бил виден во аптека во градот

25 август 2020

ОВР Струга поднесе кривична приjава против Д.Д.(34) од струшкото село Лабуништа, со живеалиште во Струга, бидејќи во неделата, иако му е издадено решение од Државниот санитарен и здравствен инспекторат за изолација, бил забележан во аптека во Струга.

Во Прилеп двојно е зголемен бројот на ковид заразени за само 10 дена

24 август 2020

За десет дена, двојно е зголемен бројот на заболени од ковид-19 во Прилеп. Според податоците од Центарот за јавно здравје – Прилеп, во последните 24 часа евидентирани се нови 8 лица со коронавирус, а оздравеле само двајца, така што вкупниот број на заболени изнесува 62, во споредба со состојбата на 14 август, кога активни биле […]

СЗО: Најважна е стратегијата за следење на контактите и нивно изолирање

30 јуни 2020

Единствената најважна интервенција за спречување на ширењето на корона вирусот не е секогаш технологија, туку може да ја спроведат и широк спектар на професионалци така што ќе ги лоцираат контактите коишто го шират вирусот и притоа да ги изолираат овие лица, појасни генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејесус на вчерашниот брифинг […]

Ниту еден суд не им наложил на државите да ги укинат вонредните мерки

26 јуни 2020

Во рамките на својата програма за борба против дезинформациите и лажните вести, што на Балканот многу лесно ги минуваат границите и бргу осамнуваат во медиумите на друга држава и понекогаш и на друг јазик, „Мета.мк“ редовно пренесува што е актуелно кај сродните сервиси за проверка на фактите и борба против дезинформациите во регионот, односно од […]

МВР: 13 лица во државен карантин заради непочитување на мерките за изолација и самоизолација

22 јуни 2020

Од 12 јуни заклучно со денес, полицијата спроведе 13 лица во државен карантин поради непочитување на решенијата за изолација и самоизолација, информираат од Министерството за внатрешни работи. Меѓу лицата е и еден полициски службеник, а против сите нив ќе бидат поднесени и кривични пријави по член 206 од Кривичниот законик на РСМ. Воедно, лицата што […]

805 граѓани фатени без маски, 8 лица не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација

21 јуни 2020

Министерството за внатрешни работи (МВР) во изминатото деноноќие регистрирало 805 прекршоци за неносење лична заштита на лице кај несовесни граѓани. Од страна на полициски службеници, извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што е утврдено дека четири лица не ја почитувале мерката за изолација и четири лица не ја почитувале мерката за […]

Полицијата открила 659 граѓани без маска

20 јуни 2020

Во текот на изминатото деноноќие на територијата на земјава, на 366 лица им се издадени решенија за изолација, а 261 лице потпишало изјава за самоизолација, соопшти МВР. Регистрирани се 659 граѓани што не носеле заштитна маска, според прописите за заштита од ковид-19. Полициски службеници при вршењето контроли кај лица во изолација и самоизолација, откриле едно […]

Здравствените власти до 450 лица не можат да достават решенија за самоизолација

19 јуни 2020

Министерот за здравство Венко Филипче денеска обелодени дека има 450 лица кои не сакаат да ги примат решенија за самоизолација. Тој потенцираше дека во јавноста ќе објават листа со овие лица кои даваат погрешни лични податоци или воопшто не се достапни за здравствените власти, а со тоа се потенцијална опасност за натамошно ширење на болеста […]

Се шири заразата и во осма поголема компанија во Штип

17 јуни 2020

Вкупно пет случаи на ковид-19, заедно со најновите денешни, се потврдени во поголема штипска компанија од кожарско-текстилната индустрија. На почетокот од неделата во компанијата беа потврдени три случаи, а со денешните два нови, тој број порасна на пет. Сопственикот, како што потврдија од Центарот за јавно здравје од Штип, одлучил да го прекине производството во […]

Нема ден, а да нема прекршување на мерката за изолација и самоизолација од несовесни граѓани

17 јуни 2020

Изминатата недела, секој ден имало прекршувања на мерката изолација и самоизолација, покажуваат податоците од Министерството за внатрешни работи. Од минатата среда, заклучно со денес, 19 лица не ја почитувале оваа мерка. Најмногу од нив (шест) се евидентирани во петокот, на 12 јуни. За викендот имало четири прекршувања по овој основ. Ваквото непочитување на мерките за […]

Државниот секретар во МВР, Несторовска и четири други лица одат во самоизолација поради контакт со заболени од ковид-19

15 јуни 2020

Министерството за внатрешни работи информира дека откако вчера беше утврдено дека двајца вработени во бифето на првата зграда во кругот на МВР се позитивни на корона вирус, во текот на вчерашниот ден од страна на епидемиолошкиот тим од Институтот за јавно здравје, а врз основа на доставен список на сите вработени кои имале контакт со […]

Страна 1 од 3