fbpx

КЗБ: Се прави епидемиолошка анализа на сомнителниот случај на мајмунски сипаници

-

Комисијата за заразни болести на вчерашниот состанок ја анализираше актуелната состојба поврзана со појавата на сомнителен случај на мајмунски сипаници во земјата, информираат оттаму.

„Беше констатирано дека сите надлежни институции се активно вклучени во процесот на епидемилошка анализа, лабораториска потврда и изолација на сомнителниот случај. Комисијата за заразни болести препорача воведување мерки изолација/карантин во домашни или болнички услови на сомнителните случаи за мајмунски сипаници до нивно тестирање, изолација на потврдени случаи во домашни или болнички услови до завршување на болеста или зацелување на крастите, секојдневно епидемиолошко следење на контакти на потврдени случаи со мајмунски сипаници за време на трење на инкубацискиот период од 21 ден“, стои во соопштението на Комисијата.

КЗБ ја реафирмира препораката до Министерството за здравство да се преземат сите неопходни превентивни мерки.

Вчера и Министерството за здравство излезе со соопштение, во кое наведе дека на Клиниката за инфективни болести нема хоспитализиран пациент суспектен за мајмунски сипаници, како и дека нема потврден случај во земјава. Тие информираа дека станува збор за суспектен пациент кој е во добра здравствена состојба, за кого е дадена препорака за тестирање и се организира епидемиолошки тим кој ќе спроведе епидемиолошка анкета.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...