fbpx

805 граѓани фатени без маски, 8 лица не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација

-

Министерството за внатрешни работи (МВР) во изминатото деноноќие регистрирало 805 прекршоци за неносење лична заштита на лице кај несовесни граѓани. Од страна на полициски службеници, извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што е утврдено дека четири лица не ја почитувале мерката за изолација и четири лица не ја почитувале мерката за самоизолација, се наведува во соопштението на МВР.

Во текот на изминатите 24 часа, на 213 лица во земјава им се издадени решенија за изолација, додека 299 лица потпишале изјави за самоизолација. Министерот за здравство Венко Филипче веќе најави дека ќе објават листа на граѓани до кои не можат да се достават решенијата за самоизолација, односно одбиваат да соработуваат со здравствените власти.

Покрај тоа што се проблематични лицата што не соработуваат со властите, посебен проблем се лицата што ги прекршуваат мерките за изолација и самоизолација, со што постои можност да ја прошират болеста ковид-19 на други лица. Владата усвои мерка со која ваквите граѓани ќе се испраќаат во државен карантин, а трошоците за нивното сместување ќе треба да си ги платат сами.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...