fbpx

Лани немало дивоградби во Сарај, Гази Баба и Арачиново, а за Центар, Карпош и Аеродром нема податоци

-

Годишниот извештај на Државниот завод за статистика (ДЗС) за бројот на бесправно изградени објекти за 2019 година полн со нејаснотии. Статистичарите информираат дека не добиле податоци за бројот на дивоградби за поголемите скопски општини Центар, Аеродром и Карпош. Во овие општини има интензивни градежни активности, додека во скопскиот регион со години наназад најмногу се инвестира во нови објекти.

Покрај тоа што графите се празни за скопските општини Центар, Аеродром и Карпош, во некои други градски и приградски општини во Скопје, како што се: Гази Баба, Сарај и Арачиново, властите во 2019 година не регистрирале ниту една дивоградба присутна на нивната територија.

Кога ќе се изземат овие општини, статистичките податоци покажуваат дека минатата година на територијата на целата држава биле регистрирани 866 бесправно изградени објекти, што е нешто помалку од 2018 година кога биле евидентирани 955 дивоградби.

Според видот на објектот, бесправно биле изградени 160 објекти за домување или 18,5 отсто од вкупниот број на дивоградби, а исклучиво станбени биле 134. Потоа, 94 биле доградби, надградби и адаптации или 10,9 отсто, 55 деловни објекти (6,4 отсто), 64 гаражи (7,4 отсто), 196 огради (22,6 отсто), 14 скалила (1,6 отсто), 27 тераси (3,1 отсто), 46 летни тераси (5,3 отсто), 92 настрешници (10,6 отсто), 14 времени објекти (1,6 отсто) и 104 дивоградби како помошни објекти кои во вкупната бројка учествувале со 12 отсто. Најголем број од бесправно изградените објекти или 98,4 отсто биле во приватна сопственост.

Според видот на објектот, од вкупниот број на дивоградби, најмногу бесправно изградени објекти имало во Скопје – 153, а од нив најголем дел се летни тераси – 40.

Наспроти Скопје, во другите општини во земјава, по бројот на дивоградби предничи Кавадарци, со 85 дивоградби во минатата година, од кои 45 се огради, а 14 помошни објекти. Потоа Струмица, со 73 дивоградби од кои најмногу се огради, 13, исто толку помошни објекти и 14 настрешници. Охрид е на трето место, со 59 бесправно изградени објекти, а од нив по 13 биле помошни објекти и огради, а 12 настрешници.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила за Северна Македонија

Донација составена од седумдесет и шест моторни возила од Кралството Норвешка, официјално беше предадена на Армијата на Република Северна Македонија на пригодна церемонија која се одржа во касарната Илинден...