понеделник, 16 март, 2026
Meta.mk

Ознака: дивоградби | 70 резултати

Ганиу: Органите да постапат ако има нешто незаконски во Чаир, а не Арсовска да прави шоу

29 мај 2025

Ако има нешто незаконски во општина Чаир, редно е да постапат органите, а не градоначалничката Данела Арсовска да ја игра улогата на истражен орган, порача денеска градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу. Претходно Арсовска објави видеа на Фејсбук во кои го обвинува и повикува на одговорност за наводни дивоградби во општината. Ганиу денеска најави дека на […]

Нови дивоградби го загрозуваат Студенчишко Блато, УНЕСКО повторно предупреди дека Охрид е наследство во опасност

4 декември 2024

Пет нови дивоградби за помалку од две години никнале на подрачјето на Студенчишко Блато, за кое има решение за привремена заштита. Во моментов уште две непречено се градат, иако граѓанската организација Фронт 21/42 уште лани случајот го пријавила кај пет државни и локални инспекторати. Од оваа организација обвинуваат дека и земјиштето е трансформирано на незаконски […]

Граѓанскиот сектор бара државата да сопре со легализација на дивоградбите со закони

18 декември 2023

Дури 21 здружение, иницијативи на граѓани и експерти бараат повлекување на измените на законот со кој се легализираат дивоградбите изградени до 31.12.2022 година, а кој по скратена постапка е предложен во Собранието на РСМ. Граѓанскиот сектор бара од парламентарниот спикер и пратениците да се повлечат законските измени, а во случај да не бидат повлечени, да […]

Општина Центар ќе конфискува дивоградби и ќе ги стави во функција на граѓаните

9 април 2023

Дивоградбите ќе се конфискуваат и ќе се стават во функција на граѓаните, бидејќи е скапо да се рушат, најави градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски во интервју за Радио Слободна Европа. Герасимовски ја претставил Иницијатива за регулирање, конфискација и ре-употреба на бесправно изградени објекти и на седница на ЗЕЛС, каде добил поддршка, затоа што речиси […]

Герасимовски пред ресорните министри ќе ја претстави иницијативата за пренамена на дивоградбите

6 април 2023

Горан Герасимовски, градоначалник на Општина Центар пред ресорните министри за правда, Кренар Лога и транспорт и врски, Благој Бочварски ќе ја презентира иницијативата нелегалните објекти наместо да се рушат да се пренаменат во функција на општините. Герасимовски побарал средби со Бочварски и Лога, бидејќи двете министерства со кои тие раководат, се предлагачи на двата закони […]

Од Охрид СОС велат дека враќање на концесиите на плажите по старо не може да има

23 ноември 2021

По вчерашната најава на новиот охридски градоначалник Кирил Пецаков дека ќе ги враќа концесиите на плажите долж Охридското езеро, денеска со реакција се јавија од граѓанската иницијатива Охрид СОС. Тие изјавата на Пецаков ја оценуваат како крајно неумесна и недолична за лице на таква одговорна функција. „Во неговата изјава гледаме еден крајно штетен однос кон […]

Граѓаните при прошетка во заштитени подрачја треба да внимаваат да не ја нарушат природата

28 јули 2021

Дури шест закони опишуваат што сѐ е забрането во природата, меѓу кои е и Кривичниот законик. Законот за заштита на природата, пак, се однесува конкретно на заштитени подрачја. При тоа се идентификуваат преку 35 активности кои се забранети – од дивоградби, нелегално депонирање на отпад, па до криволов и нелегална сеча, потсетува „Натура МК“. Државниот […]

УНЕСКО не го прогласи Охридскиот Регион за загрозено подрачје

25 јули 2021

Комисијата за светско наследство на УНЕСКО, денеска, на својата 44 сесија, која се одржува во Фуџу, Кина, донесе одлука Природното и културното наследство на Охридскиот Регион да не биде впишано на Листата на светско наследство во опасност. Граѓанската иницијатива „Охрид СОС“ е незадоволна од ваквата одлука. Со оваа одлука, Северна Македонија и Албанија се обврзаа […]

Министерството за транспорт ги собра доставените предлози, се подготвува новиот закон за дивоградби

30 јуни 2021

Министерството за транспорт и врски ги собра предлозите доставени од засегнатите страни во врска со законот за легализација на бесправно изградени објекти и легализацијата сега е во фаза на изготвување на нов закон. Од ова министерство за Порталб.мк потврдија дека по изготвување на законот, тој повторно ќе биде испратен до заинтересираните страни, за да достават […]

Лани во земјава регистрирани само 685 дивоградби, во некои општини на хартија нема бесправна градба

21 јуни 2021

Арачиново, Валандово, Врапчиште, Вевчани, Дебрца, Дојран, Долнени, Желино, Зелениково, Илинден, Јегуновце, Липково, Крушево и Центар Жупа се само дел од 30-те македонски општини во кои официјално лани се граделе објекти само по прописи. Во овие делови на земјава не се регистрирани бесправно изградени објекти, барем не на хартија. Во реалноста, и во овие помали општини, […]

Фронт 21/42: Остранувањето на платформите во Охрид и Струга не го решава проблемот со дивоградбите

15 јуни 2021

Отстранување на дел од привремените конструкции и опрема од плажите во Охрид и во Струга, не е спроведување на препораката за справување со дивоградбите, сметаат од граѓанската организација Фронт 21/42. Во јули 2017 година УНЕСКО побара да се стопира легализацијата во рамки на светското наследство и итно да се изработи Инвентар на сите дивоградби. Врз […]

Евроамбасадорот Гир: На охридското крајбрежје нема место за дивоградби

10 јуни 2021

Амбасадорот на ЕУ, Дејвид Гир, во посебен твит со фотографија од Охридското езеро, објави дека на крајбрежјето нема место за дивоградби и тие треба да се отстранат за да се зачува природното и културно богатство на овој регион. Во објавата Гир напиша: Нелегалните градби немаат место покрај Охридското Езеро и треба да бидат отстранети. Уникатното […]

Георгиевски ги демантира менаџерите на „Куба Либре“: Истече времето на незаконско работење на плажите

9 јуни 2021

Градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески, целосно ги демантира тврдењата на адвокатите и на менаџерскиот тим на фирмата, поранешен концесионер на плажата „Куба Либре”, дека не добила известување за отстранување на бесправните објекти во кои обавуваат угостителска дејност. Тој на својот фејсбук објави дека решението за отстранување на објектите е издадено уште во 2017 година, а […]

Министерството за транспорт и врски подготвува целосно нов Закон за легализација на дивоградби

7 јуни 2021

По одбивањето на претседателот Стево Пендаровски да го потпише указот за Законот за утврдување на правниот статус на нелегалните објекти и бројните реакции во јавноста, минатата недела Владата го повлече законот од Собрание. Но, Министерството за транспорт и врски подготвува целосно нов закон за легализација на бесправно изградените објекти. Ова за „Порталб.мк“ го потврдија од […]

Во очекување на Конечниот извештај на УНЕСКО за Охридскиот регион, во Охрид се уредува крајбрежјето

1 јуни 2021

Во пресрет на Конечниот извештај на УНЕСКО за Охридскиот регион што треба да биде објавен на 4 јуни, охридскиот градоначалник Константин Георгиески денеска на прес-конференција објаснуваше што се презема за отстранување на бесправно изградените објекти и за уредување на крајбрежјето на Охридското езеро. Иако досегашните најави се дека претстојниот извештај на УНЕСКО ќе содржи сериозни […]

Владата го повлече предлог-законот за легализација на дивоградби од собраниска процедура

29 мај 2021

Владата на денешната редовна 74-та седница одржана преку видеоконференциска интернет врска, врз основа на известувањето за спроведените активности поднесено од Министерството за транспорт и врски донесе Одлука за повлекување на Законот за утврдување правен статус на бесправно изградени објекти, кој се наоѓа во собраниска процедура, информираат од владината прес-служба. Во известувањето, кое го прифати Владата, […]

Спорниот закон за дивоградби ќе се врати кај пратениците на седницата закажана за 8 јуни

27 мај 2021

Спорниот закон за легализација на бесправно изградените објекти ќе се најде повторно пред пратениците на собраниската седница предвидена за 8 јуни. Откако претседателот Стево Пендаровски не го потпиша законот и истиот со забелешки го врати во Собранието на РСМ, парламентарниот спикер Талат Џафери тврди дека тој има обврска да го врати законот на дневен ред […]

Дебата на Антикорупциска: Новиот закон за дивоградбите е спорен од многу аспекти

25 мај 2021

Многу неодговорени прашања остануваат отворени, поради што Владата треба да го повлече новиот закон за дивоградби, којшто од претседателот Стево Пендаровски не беше потпишан и тој со забелешки го врати во Собранието на РСМ. Експерти, претставници на невладини организации и еколошки здруженија и претставници на надлежни институции излегоа со свои ставови на денешната јавна дебата […]

Дивоградбите во заштитените подрачја да се изземат од законот за легализација на дивоградби, предлага Владата

19 мај 2021

Дивоградбите во заштитените подрачја да се изземат од законот за легализација, е најновиот предлог на Владата, донесен на последната седница, што се одржа вчера. Владата не се откажува целосно од контроверзниот Предлог- закон што во скратена постапка беше изгласан во Собранието, но претседателот Стево Пендаровски не го потпиша Указот за прогласување. Тој е вратен и […]

Вистиномер: Не може да се тврди дека „законот за дивоградбите“ се однесува на сиромашните

18 мај 2021

Изјавите на премиерот Зоран Заев и на дел од претставниците на извршната власт дека со законот за легализација на дивоградбите се штитат, пред сè, сиромашните, како и дека мора да има своевидна амнестија, се спинови, зашто ниту има точна проценка колку дивоградби има и дали тие се доминантно на сиромашни граѓани, ниту, пак, е уставно […]

Страна 1 од 4