Владата на денешната седница го донесе Протоколот за работа на угостителски објекти за сместување во хотели и други угостителски објекти за сместување, и тој започнува да важи од понеделник, 22 јуни.

„Протоколот ги уредува процедурите за хотелско-сместувачкиот дел на објектите, потоа препораките и мерките за прием и сместување на гостите, ресторанските процедури, употребата на тоалетите, како и препораките за гостите и за постапување при појава на случај со симптоми на Ковид-19,“ информираат од Влада.

Владата денеска го утврди и го донесе Протоколот за работа на базените за пливачките клубови, кој утврдува дека базените се отвораат само за членови на пливачките клубови, а не и за рекреативно пливање.