Две години по Преспанскиот Договор, земјава е членка на НАТО и пред старт на преговорите за ЕУ

-

Две години по Договорот од Преспа, од тотална изолација на меѓународната сцена, Северна Македонија стана членка на НАТО и се врати на агендата за проширување на Европската Унија, истакна техничкиот премиер Оливер Спасовски на денешниот настан за одбележување на годишнината од потпишување на Преспанскиот Договор.

– Во март 2020, ЕУ донесе позитивна одлука за започнување на преговори за членство, а пандемијата предизвикана од КОВИД-19 не ја спречува Европската Комисија да ја финализира преговарачката рамка, до крајот на 2020 година и формално да започнат преговорите за членство – изјави премиерот Спасовски.

Тој додаде дека на нашиот пат за членство кон НАТО и ЕУ, Грција сега не само што не не блокира, туку и сесрдно го помага нашето забрзано интегрирање. Тоа е впрочем и нивна обврска од договорот, додека односите со Грција никогаш не биле подобри, истакна премиерот Спасовски.

Премиерот Оливер Спасовски, министерот за надворешни работи Никола Димитров, министерот без ресор задолжен за дијаспора и претседател на работна група за поддршка на Преспанскиот регион, Едмонд Адеми, денеска учествуваа на серијата настани по повод двегодишнината од потпишувањето на Договорот во Преспа, организирани од Општина Ресен, во соработка со НВО Преспа Град, кои се одржаа во село Љубојнo и во близина граничниот премин во изградба Маркова Нога, на границата со Грција.

Претседателот на владечката партија СДСМ, Зоран Заев изјави дека Преспа постанува синоним за успехот на дипломатијата и дијалогот во меѓународната политика. Тој спомена дека генералниот секретар на Обединети Нации, Гутереш, го вброил Преспанскиот Договор како едно од најголемите дипломатски постигнувања во целиот свет.

– Го направивме изборот. Избравме иднина, наместо неизвесна и бесмислена изолација во која не втурна бесмислената политика на режимското владеење. Презедовме одговорност која никој не ја презеде речиси три децении – изјави Заев.

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев ја доби Наградата за човекови права за 2020 година на германската фондација „Фридрих Еберт“, како признание за неговиот придонес кон мировната политика заснована врз склучувањето на Преспанскиот Договор и Договорот за пријателство со Бугарија.

Наспроти ова, на двегодишнината од Преспанскиот Договор критика стигнаа од опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ. Тие тврдат дека распукал бетонот и идентитетот гарантиран и излажан од Зоран Заев.

„Зоран Заев слави годишнина на договор, а не кажува дека две години нема направено ништо за Македонија. Македонија тоне. Економски воопшто не е добро, напротив е полошо со оваа рекетарска власт. Европската иднина токму поради оваа рекетарска власт е се уште далеку, Преспанскиот договор е реалност која што Зоран Заев ни ја наметна, но ние ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи жарот за Македонија некогаш да згасне“,  сметаат од опозициската партија.

Владата ја донесе Националната стратегија за сајбер безбедност 2025–2028 година

Денеска, на прес-конференција во Владата, министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски, официјално ја претстави Националната стратегија за сајбер безбедност 2025–2028 година, стратешки патоказ за зајакнување на отпорноста и безбедноста на државата...

170 жени годишно заболуваат од рак на грло на матка, болеста може да се спречи со вакцинација

Според податоците на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), во Македонија се забележува дека бројот на нови случаи за 2022 година со рак на грлото на матка изнесува 173, а бројот на...

СЕММ: Најмногу жалби за онлајн медиумите, најчесто се прекршува првиот член од Кодексот на новинари

Најголем дел од жалбите кои лани стигнале до Комисијата за жалби при Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), се однесуваат на интернет порталите - за онлајн медиумите минатата година...

Директорот на „Блекрок“ не рекол дека „целта на депопулацијата е да се замени човечкиот труд со ВИ“

Вистиномер рецензираше објава на социјалната мрежа Фејсбук во која се споделува видеоматеријал и во описот пишува: 15.01.2025 Извршниот директор на BlackRock објаснува како вистинската цел на депопулацијата е полесно да се замени човечкиот труд со вештачка...

Владата ја донесе Националната стратегија за сајбер безбедност 2025–2028 година

Денеска, на прес-конференција во Владата, министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски, официјално ја претстави Националната стратегија за сајбер безбедност 2025–2028 година, стратешки патоказ за зајакнување на отпорноста и безбедноста...