МБА: Корисниците на платежна картичка да чекаат информации од банките и да не прават метеж пред филијалите

-

Македонската банкарска асоцијација (МБА) соопшти дека сите членки вклучени во проектот „Купувам домашно“, преку кој во следните недели треба да се изработат и дистрибуираат до крајните корисници над 330.000 платежни картички, се посветени на неговата реализација, преземајќи ги сите мерки соодветни за заштита на јавното здравје.

„Секоја од банките има свој протокол за издавање на картичките и според важечките политики и процедури ја организираат постапката, доставуваат СМС-пораки со информации за филијалата или експозитурата, датумот и часот за подигнување на картичката, за секој клиент одделно. Во примена се и веб-решенија и контакт-центрите на банките, со што потребата од доаѓање во филијалите и експозитурите за информирање, е сведена на минимум“, информираат од МБА.

Сепак, и покрај тоа, во претходните денови пред некои експозитури и филијали се создадоа поголеми редици, дел од клиентите доаѓаа во банките да прашаат за проектот и да добијат информации дали се меѓу граѓаните на кои им следува домашна платежна картичка иако можат претходно да се информираат од веб-страната, купувам домашно.

„Заради заштита на јавното здравје, апелираме корисниците на домашна платежна картичка да ги следат информациите што банките ги доставуваат до нив во врска со начинот и терминот на подигнување на картичката. Истовремено, апелираме до сите клиенти, посетата на филијалата и експозитурата да ја реализираат во терминот посочен од банката, преку СМС-известување, при што ќе ги почитуваат обврските за задолжително носење заштитна маска и одржување соодветна дистанца. Со тоа секој ќе придонесе и за заштита на своето и здравјето на другите“, соопштуваат од МБА.

АНАЛИЗА: Скоро 10.000 слободни работни места, се отвора „патот“ за вработувања на странци и на сезонци

Пред пратениците две законски решенија – легализација на работа на странци со и без квоти и вработувања на сезонски работници. Целта е да се поедностават процедурите за вработувања на оваа категорија...

Илјадници граѓани протестираа во Скопје: „Доста бевме ние, системот е следен!“

„Доста бевме ние, системот е следен!“ - одекнуваше денеска во центарот на Скопје каде и покрај дождот илјадници граѓани излегоа да го покажат својот револт и да побараат правда за 59...

Студентскиот пленум на УКИМ се одржа зад затворени врати, без присуство на медиуми

Иако беше најавен преку соопштение до медиумите и јавноста, пленумскиот собир на иницијативата „Независен студентски сојуз УКИМ“ се одржа зад затворени врати. Студентите се повлекоа во аулата на Филозофскиот и Филолошкиот...

Македонија ќе добие 24,5 милиони ева во буџетот од Планот за раст на ЕУ

По успешната подготовка на Реформската агенда на земјата, Северна Македонија е првата земја што ќе го добие предфинансирањето предвидено со Планот за раст на ЕУ за Западен Балкан, соопшти делегацијата на...

АНАЛИЗА: Скоро 10.000 слободни работни места, се отвора „патот“ за вработувања на странци и на сезонци

Пред пратениците две законски решенија – легализација на работа на странци со и без квоти и вработувања на сезонски работници. Целта е да се поедностават процедурите за вработувања на...