fbpx

Георгиев ги охрабри анкетираните судии со име и презиме да пријават кој им врши притисок

Претседателот на Судскиот совет Сашко Георгиев се огласи по повод анализата за Проценка на ризиците од корупција во правосудството во Северна Македонија, во која, меѓу другото, приближно 72% од анкетираните судии изјавија дека не се согласуваат со тврдењето дека Судскиот совет делотворно ја штити...

Одливот на мозоци тема на младинскиот панел на Преспа Форум 2023

Креирање европски работни места дома и реформа на образованието што ќе ги подготви младите за професиите на иднината се клучни да се спречи одливот на мозоци од регионот. Ова беше кажано на на Преспа Форум 2023, на младинскиот панел „Развивање вештини и создавање можности: стратегии...

Во Тетово е опасно да се вози велосипед (ФОТО)

Во Тетово нема посебни патеки за велосипедистите. Тоа е причина граѓаните кои возат велосипеди да бидат во постојана опасност, бидејќи мораат да минуваат по улиците каде што се движат и автомобилите. Согласно податоците од СВР Тетово, има велосипедисти кои се жртви во сообраќајни несреќи,...

Бундестагот денеска ќе гласа резолуција за признавање на македонската култура, јазик и идентитет

Резолуција за пристапувањето на Северна Македонија во ЕУ вечерва ќе се најде на дневен ред пред пратениците во германскиот парламент - Бундестагот. Оваа резолуција е предложена од пратеничките групи на социјалдемократите, зелените и либералите, а самиот документ е текст од три страници и со...

ЕМА не издала предупредување дека ковид-вакцините предизвикуваат спонтан абортус

ЕМА соопшти дека открила докази кои покажуваат дека тешко менструално крварење може да се случи по вакцинацијата против ковид, заклучувајќи дека постои „разумна можност“ вакцините да го предизвикаат, но никогаш не препорачала дека mRNA вакцините се поврзани со компликации со бременоста, т.е. со плодноста...

Русија организира локални избори во четири окупирани украински региони

Централната изборна комисија на Русија го одредила датумот за локални избори во четири украински региони, за кои Москва тврди дека ги припоила. Изборите би се одржале на 10 септември, што се совпаѓа со гласовите во другите руски општини, објави државната новинска агенција РИА, а...

ЕУ чекор поблиску кон носење на еден од првите закони за вештачка интелигенција во светот

Европскиот парламент вчера гласаше за регулирање на употребата на системи за вештачка интелигенција (ВИ) во целиот блок. Гласањето го означува почетокот на процесот за усвојување на Законот за вештачка интелигенција на Европската Унија, прв од ваков вид на глобално ниво, пишува Дојче Веле на...

Богоев седна во директорската фотелја во Царина

Во Царинската управа денеска беше извршено примопредавање на функцијата директор, каде новоназначениот директор Стефан Богоев официјално ја презеде должноста од неговата претходничка Славица Кутиров. Таа го информираше Богоев за делокругот на работа, како и за тековните и планираните проекти и активности на Царинската управа, а...

Жаку: Младите треба да се гледаат како лидери на денешнината

Младите не треба да се гледаат како лидери утре, туку како лидери на денешнината. Ние младите имаме една уникатна позиција да го обликуваме светот во кој живееме, промовирајќи ги вредностите за мир, безбедност, правда и еднаквост на нашиот глас. Oва го истакна специјалниот претставник...

Пукање во Приштина, убиен македонски државјанин

Сношти околу 20 часот, во Приштина е убиен државјанин на Северна Македонија, пренесоа косовските медиуми додавајќи дека осомничените сè уште не се идентификувани. „Известено е дека засега непознат сторител пукал кон жртвата, државјанин на Република Северна Македонија. Надлежните полициски единици излегле на местото на настанот,...

Нови 100 милиони евра кредит за малите и средни претпријатија за да се справат со кризата

Нови 100 милиони евра од Европската инвестициска банка обезбеди Владата, а парите се наменети за малите и средни претпријатија да можат да ги надминат проблемите кои произлегуваат од енергетската и економска криза, соопштија од Министерството за финансии. Вчера во Собранието беше усвоено законското решение...

Спасовски: Миграцијата може да се менаџира само ако има партнерство меѓу сите европски држави

Миграцијата може да се менаџира само ако има партнерство меѓу сите европски држави. Ако ги следиме сите активности кои се преземени од 2015 година до денеска, може да се види колку лоши капацитети имавме за справување со миграцијата и како тие се надградија. Ова...

Во Украина се водат жестоки битки, на припадници на баталјонот Азов им се суди во Русија

Исклучително жестоки битки се водат во делови на Украина додека силите на Кијив продолжуваат со контраофанзивата, изјави украинската заменик-министерка за одбрана Хана Малиар. Како што пренесува Би-Би-Си, Малиар на Телеграм напишала дека украинските сили успеале да напредуваат во близина на Бахмут на исток и Запорижја...

Одбележани 30 години од дипломатските односи меѓу С.Македонија и Обединетото Кралство

Амбасадата на Обединетото Кралство во Скопје вчера вечер во Музејот на современа уметност организираше настан по повод 30 години од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу Северна Македонија и Обединетото Кралство, како и одбележување на роденденот на британскиот крал Чарлс Трети, информираат од амбасадата. На настанот...

Не е точно дека Германија им забранува на своите граѓани употреба на дрва за греење

Станува збор за дезинформација дека Германија им забранува на своите граѓани употреба на дрва за греење. Германската влада во април годинава донесе одлука за измени и дополнувања на Законот за енергенси со која официјално е почнат преминот на греењето кон обновливи извори на енергија....

Американски музички издавачи го тужат Твитер поради масовно кршење на авторските права

Група од 17 музички издавачки куќи од САД го тужи Твитер, тврдејќи оти платформата овозможила прекршување на авторските права кои вклучуваат речиси 1.700 песни. Националната асоцијација на музички издавачи сега бара отштета од повеќе од 250 милиони долари, објави „Врџ“. Во тужбата поднесена до федералниот суд...

Борел: Услов за средба на високо политичко ниво е и деескалација на ситуацијата во северно Косово

Итно прекинување на полициските операции во близина на општинските згради на северот на Косово, односно повлекување на специјалците од таму и најава за предвремени избори во северно Косово на кои ќе учествуваат и Србите, се барањата кои ги повтори високиот европски функционер Жозеп Борел,...

Иницијативата „Заедно за реките“ ќе заштити 13 диви реки во Југоисточна Европа, меѓу нив и долниот тек на Вардар

Тринаесет реки од Југоисточна Европа ќе бидат заштитени во рамките на регионалната иницијатива „Заедно за реките“ – United for rivers, што беше претставена во Карловац, Хрватска. Под водство на The Nature Conservancy и шест партнерски организации од Босна и Херцеговина, Црна Гора, Хрватска, Северна...

Нова серија обвинувања меѓу Косово и Србија по апсењето на тројца косовски полицајци

Косовскиот премиер Албин Курти денеска изјави дека Србија извршила агресија врз Косово со чинот на киднапирање на тројца припадници на косовската полиција, јавува Радио-телевизија Косово. Полицајците биле киднапирани на место на некогашна рута за шверц, која се наоѓа во косовска територија, и тоа на...

Собранието ги усвои законските измени – се решава статусот на лицата без државјанство

Собранието попладнево ги усвои измените на Законот за матична евиденција, измени кои треба да овозможат решавање на сите познати случаи на бездржавјанство, но и секое дете родено во земјата да добие извод при раѓање, без разлика дали неговите родители се без документи или без...

Ковачевски повика на внатрепартиски избори: Денешниот резултат е разочарувачки, на СДСМ му е зададен тежок удар

Денешниот резултат е разочарувачки, на СДСМ му е зададен тежок удар - не само од граѓаните, туку и од симпатизерите и поддржувачите на партијата, истакна вечерва на прес-конференција претседателот...