fbpx

Твитер се согласи да се придржува до строгите закони на ЕУ за дезинформации и руска пропаганда

Откако претставници на Европската комисија влегоа во седиштето на Твитер за да ги проверат капацитетите на компанијата дали може да функционира во Европа, социјалната мрежа со согласи да се придржува до новите строги закони на ЕУ за лажни вести, руска пропаганда и онлајн криминал. Ваквиот...

Презентирана програмата на годинешното издание на „Струшките вечери на поезијата“

Фестивалот „Струшки вечери на поезијата“ (СВП) годинава ќе се одржи од 24 до 28 август во своето автентично издание на препознатливите локации, соопштија организаторите. Свеченото отворање повторно ќе се одржи на вообичаената локација – платото пред Центарот за култура „Браќа Миладиновци“, додека затворањето ќе биде...

Епископот Стобиски да се извини за вознемирување врз основа на сексуална ориентација или следува прекршочна постапка

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД) утврдила дека епископот Јаков Стобиски извршил дискриминација врз основа на сексуална ориентација и родов идентитет во областа на јавното информирање и медиуми, соопштија од Коалицијата Маргини. Мислењето на КСЗД следува по поднесените претставки од страна на Маргини...

Судски совет: Не сме го криеле предметот за Рамиз Мерко

Судскиот совет ги оценува како неосновани и неаргументирани тврдењата на Државната комисија за спречување на корупција за наводно непостапување, па дури и прикривање во случајот со струшкиот градоначалник Рамиз Мерко. Инаку, претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) Билјана Ивановска, на прес конференција...

Борбата против сексуалното насилство во фокус на новиот проект на УНДП и МВР

Нов проект што во наредниве 18 месеци ќе го спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во соработка со Министерството за внатрешни работи (МВР) ќе се фокусира на борбата против сексуалното и родово – базираното насилство на интернет, преку зајакнување на капацитетите на...

Бензините поевтинуваат, дизелот поскапува

Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати на бензинските пумпи во просек за 0,03 отсто донесе Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕВУ). Согласно најновата одлука која ќе важи од полноќ, бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 ќе поевтинат...

Наставниците ќе им ги дадат свидетелствата на учениците до крајот на месецов

Основните училиштата во државата добиле допис од Министерството за образование и наука (МОН), да ги поделат свидетелствата на учениците во периодот од 26 до 30 јуни, а во училиштата за средно образование, тоа треба да се случи до 4 јули. Надлежните во Бирото за развој...

Народен правобранител: Во 14 квадрати во „Идризово“ спијат по 15 лица, во психијатриските установи се користат синџири и кожни ремени

Стравотни наоди претстави Народниот правобранител за состојбата на психијатриските установи каде што осуденици ги отслужуваат затворските казни, но и во затворските установи во земјава. Во фокусот на постапувањето на Националниот превентивен механизам биле психијатриските установи „Скопје“ во Бардовци и болницата во Демир Хисар, каде...

Србија ги ослободи тројцата косовски полицајци

Тројцата полицајци кои кон средината на месецов беа уапсени од српските власти, како што тврдеше Белград, односно кои според Приштина беа „киднапирани“, сега се ослободени, пренесува Kossev.info. Адвокатот на уапсените ја потврдил информацијата за српскиот сервис на Радио Слободна Европа. „Обвинението е потврдено, а притворот е...

Рамиз Мерко се обрати до јавноста, вели дека ќе соработува со правосудните органи

По неодамнешниот развој на настаните во врска со одлуката на Стејт департментот на САД, не сакав да комуницирам во корист на процесите, ќе бидам отворен како и секогаш во корист на правдата и секој процес во правосудните органи од страна на институцијата на Општина...

„Опен АИ“ лобирала во ЕУ за да избегне построги регулации во законот за ВИ

Компанијата „Опен АИ“ лобирала во Европската Унија да се „омекне“ законодавството за вештачка интелигенција (ВИ). Според документи од Европската комисија, компанијата-креатор на четботот ChatGPT побарала европратениците да направат неколку амандмани во нацрт-верзијата на Законот за вештачка интелигенција на ЕУ – претстојниот закон создаден за...

Солун – 20 години подоцна

Солунската агенда беше најавувана како пресврт во политиката на ЕУ кон Западниот Балкан. Со документите што ја сочинуваат (Декларацијата од Солун на Самитот на шефови на држави ЕУ – Западен Балкан и Заклучоците на Советот на ЕУ со прилогот „Солунска агенда за Западниот Балкан...

Постот манипулира дека основно училиште шири ЛГБТ индоктринација

Постот има за цел да ја манипулира јавноста и да шири дезинформации. Точно е дека училиштето го има објавено Упатството на својата веб-страница, но тоа не го сторило самоволно и со цел да шири некаква индоктринација. Упатството е изработено од МОН уште во 2020 година...

Прекинати антитерористичките мерки во Москва, Шојгу за првпат во јавноста по бунтот на Вагнер

Градоначалникот на Москва ги укина „антитерористичките“ безбедносни мерки што ги воведе во текот на изминатиот викенд, кога силите на Вагнер се заканија оти ќе упаднат во градот. Сергеј Собјанин ја објавил одлуката на Телеграм, заблагодарувајќи им се на жителите за „смиреноста и разбирањето“, пренесува Би-би-си. Ројтерс...

Избори во Грција: Мицотакис освои мнозинство од 158 места во идниот парламент

Актуелниот грчки премиер Кирјакос Мицотакис е убедлив победник на парламентарните избори што се одржаа вчера во Грција. Неговата конзервативна партија Нова Демократија освои 40,5 отсто од гласовите, со што доби 158 пратенички места во грчкиот парламент кој брои 300 пратеници, пишува грчкиот весник Катимерини....

Синот на Сорос не ветил дека ќе ги „искорени конзервативците од интернет“

Интервјуто на синот на Сорос, Александар за „Wall Street Journal“ во кое зборува за преземање на водството над татковата финансиска империја, е искористено за пласирање на измислени изјави за неговиот наводен „план за цензурирање на конзервативците на интернет“. Наспроти изнесеното во постот, наводните изјави...

Припадниците на ЛГБТИ+ заедницата се соочуваат со социјална исклученост и говор на омраза

Под силно полициско обезбедување, со музика, стотици граѓани учествуваа на четвртата Парада на гордоста во Скопје, која се одржа синоќа, а започна во паркот „Жена борец“ кај Собранието. Нарушена телесна автономија, говор на омраза и социјално исклучување, се само некои од проблемите со кои...

Земјоделците можат да аплицираат за субвенции за мали земјоделски стопанства

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) ги повикува земјоделците навремено да аплицираат за директни плаќања за мали земјоделски стопанства дефинирани според историски плаќања за претходните три години. Корисници на оваа мерка се земјоделски стопанства, кои се корисници по програмите за финансиска поддршка во земјоделството...

Не е вистина дека Џил Бајден е повторно позитивна на ковид

Тврдењето дека Џил Бајден, Првата дама на САД, повторно се заразила со коронавирусот, нема никаква поткрепа, за тоа не се понудени никакви докази. Доколку оваа информација беше вистинска, таа ќе беше објавена во светските мејнстрим медиуми, но тоа не е случај, пишува Вистиномер.мк.   Текстот подолу...

Отворен Балкан се обедини преку концертот под палката на светскиот диригент Зубин Мехта

Синоќа заврши ексклузивната концертна турнеја, по повод стогодишнината од формирањето на Белградската филхармонија, предводена од светски познатиот диригент Зубин Мехта. Во серијата, дел од иницијативата Отворен Балкан, Филхармонијата настапи во Белград, Тирана и Скопје, поттикнувајќи посилни културни врски меѓу трите нации, информираат во Министерството...

ЈСП: Утре ќе сообраќаат автобусите по неделен возен ред, а жичницата нема да работи

Утре, за време на двојните претседателски и парламентарни избори, автобусите на ЈСП ќе сообраќаат по неделен возен ред. Жичницата до врвот на Водно нема да работи. Дежурни ќе бидат билетарниците на...