fbpx

Земјоделците можат да аплицираат за субвенции за мали земјоделски стопанства

Висината на директните плаќања се утврдува како просек од висината на одобрените финансиски средства за директни плаќања, по програмите за финансиска поддршка во земјоделството за 2020, 2021 и 2022 година, велат во МЗШВ

-

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) ги повикува земјоделците навремено да аплицираат за директни плаќања за мали земјоделски стопанства дефинирани според историски плаќања за претходните три години.

Корисници на оваа мерка се земјоделски стопанства, кои се корисници по програмите за финансиска поддршка во земјоделството за 2020, 2021 и 2022 година и истите не се корисници на останатите подмерки.

Како што информираат од МЗШВ, висината на директните плаќања се утврдува како просек од висината на одобрените финансиски средства за директни плаќања, по Програмите за финансиска поддршка во земјоделството за 2020, 2021 и 2022 година. За одобрен просек од до 10.000 денари, висината на финансиска поддршка изнесува 10.000 денари, за одобрен просек од 10.001 до 20.000 денари, висината на финансиска поддршка изнесува 20.000 денари, за одобрен просек од 20.001 до 30.000 денари, висината на финансиска поддршка изнесува 30.000 денари, а за одобрен просек од 30.001 до 40.000 денари, висината на финансиска поддршка изнесува 40.000 денари.

„МЗШВ ги потсетува земјоделските стопанства дека крајниот рок за поднесување на апликации за субвенции за 2023 година за растително и сточарско производство е до 30 јуни 2023 година. Земјоделците барањата можат да ги достават секој работен ден во канцелариите на подрачните единици на МЗШВ, или електронски преку веб- страницата на платежната агенција“, наведено е во соопштението од министерството.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК апелира да не им се попречува работата на новинарите за време на изборите

Државната изборна комисија (ДИК) денеска достави писмен одговор по испратената претставка од страна на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), поврзана со случајот со прекршувањата на правата на новинарката...