Постот манипулира дека основно училиште шири ЛГБТ индоктринација

Постот има за цел да ја манипулира јавноста и да шири дезинформации. Точно е дека училиштето го има објавено Упатството на својата веб-страница, но тоа не го сторило самоволно и со цел да шири некаква индоктринација. Упатството е изработено од МОН и истото е од 2020 година

-

Постот има за цел да ја манипулира јавноста и да шири дезинформации. Точно е дека училиштето го има објавено Упатството на својата веб-страница, но тоа не го сторило самоволно и со цел да шири некаква индоктринација. Упатството е изработено од МОН уште во 2020 година и е наменето за сите вработени лица во основните училишта и тие се должни да го спроведат. Упатството не е објавено само на веб-страницата на ОУ „Љубен Лапе“, туку може да се најде и на веб-страниците на други основни училишта, пишува Вистиномер.мк. 

 

Текстот подолу го пренесуваме во целост:

Рецензираме пост на Фејсбук кој манипулира и дезинформира дека основното училиште „Љубен Лапе“ од Скопје ширело некаква ЛГБТ индоктринација.

ОУ Љубен Лапе, во кое имам завршено основно и важеше за едно од подобрите училишта, НО во последнава година дена го следат скандали со ЛГБТ индоктринација. Првин беше онаа наредба за недела дена децата да одат облечени како спротивниот пол, а сега е со оваа наметнување спротивно на природните закони. Стварно треба да се има детално чистење на образовните институции од вакви створења како В.Д. директоркава од Љубен Лапе што вршат ВО КОНТИНУИТЕТ ЛГБТ-индоктринација врз најмалите, пишува во постот.

Постот споделува фотографии од напис обајвен на Офф.нет  на 14 јуни 2023 година. Она што е интересно е дека написот објавува бомбастичен наслов дека и кај нас стигнале транс деца, притоа посочувајќи на „Упатството за постапката за пријавување и заштита на ученик жртва на која било од формите на насилство“, а во кое во еден дел во кој се бара децата да се изјаснат кој род се, покрај машко и женско, стои и опцијата транс. Но, ова Упатство, усвоено од Министерството за образование и наука и потпишано од тогашниот министер Арбер Адеми, е усвоено пред три години, односно во 2020 година и не е ништо ново.

Во написот, иако се спомнува дека Упатството е издадено од министерот за образование и наука, посочувајќи дека и може да се најде на веб-страницата на ОУ Љубен Лапе, постот што го анализираме тоа го занемарува ова, директно обвинувајќи го училиштето и директорката дека преку Упатството шират некаква ЛГБТ индоктринација.

Постот прво обвинува дека училиштето донело некаква „наредба за недела дена децата да одат облечени како спротивниот пол“. Вистиномер веќе ја дебанкираше оваа информација и докажа дека таа е лажна.

Што се однесува до манипулацијата дека само ОУ „Љубен Лапе“ го има објавено Упатството, бидејќи целта му е да шири некаква ЛГБТ индоктринација, како што тврди постот, и тоа не е точно. Прво, Упатството не е измислено од училиштето, туку од МОН. Како што се наведува во документот, Упатството е наменето за сите вработени лица во основните училишта и тие се должни да го спроведат.

Упатството не е објавено само на веб-страницата на ОУ „Љубен Лапе“, туку може да се најде и на веб- страниците на други основни училишта (тукатукатукатука).

Што  се однесува до категоријата „транс“ таа е ставена од причина што во Упатството е опфатено и родово засновано насилство, меѓу кое и хомофобично и трансфобично насилство.

Од сето ова може да се заклучи дека постот има за цел да ја манипулира јавноста и да шири дезинформации. Точно е дека училиштето го има објавено Упатството на својата веб-страница, но тоа не го сторило самоволно и со цел да шири некаква индоктринација. Упатството е изработено од МОН и истото е од 2020 година. Поради тоа, постот што го анализираме оценуваме дека е само делумно вистинит.

Владата ја донесе Националната стратегија за сајбер безбедност 2025–2028 година

Денеска, на прес-конференција во Владата, министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски, официјално ја претстави Националната стратегија за сајбер безбедност 2025–2028 година, стратешки патоказ за зајакнување на отпорноста и безбедноста на државата...

170 жени годишно заболуваат од рак на грло на матка, болеста може да се спречи со вакцинација

Според податоците на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), во Македонија се забележува дека бројот на нови случаи за 2022 година со рак на грлото на матка изнесува 173, а бројот на...

СЕММ: Најмногу жалби за онлајн медиумите, најчесто се прекршува првиот член од Кодексот на новинари

Најголем дел од жалбите кои лани стигнале до Комисијата за жалби при Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), се однесуваат на интернет порталите - за онлајн медиумите минатата година...

Директорот на „Блекрок“ не рекол дека „целта на депопулацијата е да се замени човечкиот труд со ВИ“

Вистиномер рецензираше објава на социјалната мрежа Фејсбук во која се споделува видеоматеријал и во описот пишува: 15.01.2025 Извршниот директор на BlackRock објаснува како вистинската цел на депопулацијата е полесно да се замени човечкиот труд со вештачка...

Владата ја донесе Националната стратегија за сајбер безбедност 2025–2028 година

Денеска, на прес-конференција во Владата, министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски, официјално ја претстави Националната стратегија за сајбер безбедност 2025–2028 година, стратешки патоказ за зајакнување на отпорноста и безбедноста...