fbpx

Рамиз Мерко се обрати до јавноста, вели дека ќе соработува со правосудните органи

Мерко вели дека САД се „наш сојузник во секој предизвик“ и им се заблагодари на жителите на  Струга што го поддржувале периодов

-

По неодамнешниот развој на настаните во врска со одлуката на Стејт департментот на САД, не сакав да комуницирам во корист на процесите, ќе бидам отворен како и секогаш во корист на правдата и секој процес во правосудните органи од страна на институцијата на Општина Струга и мојот дел ќе биде доставен навремено бидејќи секогаш сум бил транспарентен до судските органи и до сите други институции.

Ова го пишува струшкиот градоначалник Рамиз Мерко на неговиот профил на Фејсбук, што воедно е и негово прво обраќање во јавноста откако заедно со сопругата и полнолетните синови се најдоа на црната листа на САД.

„Поради ова, за доброто на процесот, решив да ја замрзнам секоја активност во партиските структури до затворање на процесите важни за сите“, се вели во објавата на Мерко.

Тој пишува дека САД се „наш сојузник во секој предизвик“ и им се заблагодари на жителите на  Струга што го поддржувале периодов.

Инаку, четиричлена комисија од обвинители од Јавното обвинителство денеска врши надзор на постапувањето во предметите во обвинителствата во Струга и во Битола. По целосните проверки на постапувањето, комисијата ќе изготви извештај.

Струшкиот градоначалник се најде на црната листа на САД поради негова вмешаност во значителна корупција. Во соопштението на Стејт департментот се наведува дека градоначалникот на општина Струга злоупотребил средства и се мешал во судски и други јавни постапки, со што ја нарушил довербата на јавноста во демократските институции и функционерите на Северна Македонија.

Рамиз Мерко на црната листа на САД, во јавноста бројни реакции за потегот

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.