fbpx

Србија ги ослободи тројцата косовски полицајци

Обвинението е потврдено, а притворот е укинат и тие ќе се бранат од слобода, изјавил адвокатот Градимир Налиќ кој додаде дека полицајците се враќаат на Косово

-

Тројцата полицајци кои кон средината на месецов беа уапсени од српските власти, како што тврдеше Белград, односно кои според Приштина беа „киднапирани“, сега се ослободени, пренесува Kossev.info.

Адвокатот на уапсените ја потврдил информацијата за српскиот сервис на Радио Слободна Европа.

„Обвинението е потврдено, а притворот е укинат и тие ќе се бранат од слобода“, изјавил адвокатот Градимир Налиќ кој додаде дека полицајците се враќаат на Косово.

Од Вишиот суд во Краљево, Србија, соопштија дека се укинува притворот на обвинетите Б.С., Р.З. и Ш.М.

Српските надлежни органи ги сомничат тројцата полицајци дека сториле кривично дело Недозволено изработување, држење и тргување со оружје и распрскувачки материјали, за кое е предвидена казна затвор до 12 години.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ во своето обраќање до јавноста вчера рече дека не верува оти полицајците можат да бидат ослободени без обвинение, но дека не знае дали ќе бидат ослободени или не.

Вучиќ повтори дека на меѓународната заедница ѝ понудил припадниците на антитерористичката единица да бидат полиграфски тестирани.

Косовскиот премиер Албин Курти, пак, рече дека Србија мора да одговара поради агресијата.

„Иако сме среќни што се вратија кај своите семејства, ова киднапирање е сериозно кршење на човековите права и мора да биде санкционирано. Србија мора да одговара за агресијата“, рече Курти.

По апсењето на косовските полицајци на 14 јуни, српските власти тврдеа дека станувало збор за „специјалци вооружени до заби“ кои биле уапсени во атарот на селото Гњилица во општина Рашка, на 1,8 километри од административната линија.

Од друга страна, властите во Косово останаа на ставот дека полицајците биле уапсени од косовска страна додека јаделе и велат дека не станувало збор за полицајци, туку за редовна гранична полиција.

По инцидентот, највисоките меѓународни претставници ја повикаа Србија да ги ослободи полицајците.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Последните часови од животот на Платон опишани во дешифриран свиток, бил облеан со вулкасни пепел од Везув

Нова технологија овозможи да се дешифрираат пасуси од свиток кој бил облеан со прашина од познатата ерупција на Везув во 79 година н.е. Во новооткриените пасуси може да се...