Бензините поевтинуваат, дизелот поскапува

Согласно најновата одлука, бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 ќе поевтинат за половина денар, додека Еуродизел и Екстра-лесното масло за домаќинство ќе поскапат за половина денар за литар

-

Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати на бензинските пумпи во просек за 0,03 отсто донесе Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕВУ).

Согласно најновата одлука која ќе важи од полноќ, бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 ќе поевтинат за половина денар, додека Еуродизел и Екстра-лесното масло за домаќинство ќе поскапат за половина денар за литар.

Од полноќ, максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: 80 денари за литар за бензинот Еуросупер БС-95, 82 денари за литар за бензинот Еуросупер БС-98, 71 денари за литар Еуродизел, 69 денари за литар Екстра лесно масло ЕЛ 1, додека мазутот ќе се продава по цена од  41,007 денари за килограм.

Иран ќе започне да ги обновува oбјектите оштетени во израелските напади

Иранските власти соопштија дека ќе започнат со обнова на домовите и објектите оштетени во израелските напади, пренесува „Гардијан“.  Тие ќе ги обновуваат станбените области и јавната инфраструктура, кои беа оштетени во израелските...

Работилница во Подгорица: Дезинформациите привлекуваат кликови, но фактите градат доверба

Поминавме долг пат од економијата на пари, преку економијата на информации, потоа до економијата на внимание, па се до економијата на емоции. Денес имаме економија на доверба. Клучната промена е што...

Усвоен акциски план при топлотен бран: Да се реорганизираат работните процеси за вработените изложени на сонце

Владата денеска ја усвои Информацијата за спроведување на мерки согласно фаза 3 од акцискиот план за превенирање на последиците од топлотните бранови врз здравјето на населението 2025 – 2030. „Се задолжуваат сите...

Скулптурата „Отровни стрели“ поставена на скверот кај Порта Буњаковец

На скверот кај Ким во Порта Буњаковец, во центарот на Скопје, поставена е впечатлива уметничка инсталација, насловена „Отровни стрели“. Идејата за оваа скулптур, која го претставува говорот на омраза како невидливо,...

Иран ќе започне да ги обновува oбјектите оштетени во израелските напади

Иранските власти соопштија дека ќе започнат со обнова на домовите и објектите оштетени во израелските напади, пренесува „Гардијан“.  Тие ќе ги обновуваат станбените области и јавната инфраструктура, кои беа оштетени...