Вечерашните собири не се пријавени, МВР ветува безбедност

Со вообичаено полициско обезбедување, денеска ќе се чува јавниот ред и мир во главниот град, каде две спротиставени групи треба да одржат собири. Од СВР Скопје велат дека ниту еден собир не е пријавен, но полицијата ќе ги преземе сите потребни мерки за нивно безбедно одржување. Едниот...

Маратонот, трибини, концерти и натпревари настрадаа поради Куманово

Поради актуелната безбедносна ситуација и случувањата во Куманово за време на викендот, откажани и презакажани се повеќе настани и манифестации. ВМРО-ДПМНЕ за недела, 10 мај, имаа закажано голем народен собир во Велес, но поради безбедносната ситуација, партијата го откажа собирот. Поради безбедносни причини откажан беше и...

СДСМ, сепак, ќе го одржи протестот в недела

Најавениот протест на СДСМ, сепак, ќе се одржи в недела, најверојатно во 14 часот. Изворите на „Мета“ оставаат можност раководството на партијата да ја промени одлука за времето на одржување на протестот. Како што дознаваме, синоќа се одржал состанок на Советот на партијата, во кој членуваат основачите...

Мирни собири во 23 града за благодарност и за поддршка на безбедносните сили

Мирни собири за поддршка на македонската полиција се најавени денеска во 19 часот, во 23 градови низ Македонија, со кои граѓаните сакаат да се заблагодарат за патриотизмот и за професионалноста на полицијата во одбраната на државата. Од друга страна, Граѓанското движење „Протестирам“ организира протести секој...

Семејствата на загинатите полицајци ќе добијат по 70.000 евра отштета

Финансиски надомест од 70.000 евра ќе им се додели на семејствата на загинатите припадници на полицијата, одлучи Владата на седница што се одржа во понеделникот вечер. Најтешко ранетиот полицаец ќе добие финансиски надомест од 40.000 евра додека, пак, на четирите полицајци кои се тешко повредени и се хоспитализирани...

Дипломатска офанзива во Скопје

По настаните во Куманово, денеска има дипломатска офанзива во Скопје. Претседателот Ѓорге Иванов денеска се сретнал со  амбасадорот Џес Бејли, евромбасадорот Аиво Орав, Мариане Берец - шеф на Мисијата на ОБСЕ, Румен Радев - претставник за врски на НАТО и со Омур Шолендил - контакт-амбасадор...

Вајгл, Кукан и Ховит бараат истрага

Преку заедничко соопштение, денеска реагираа и тројцата европратеници кои посредуваат во преговорите помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ во Брисел, Иво Вајгл, Едвард Кукан и Ричард Ховит. „Длабоко сме загрижени поради настаните во Куманово овој викенд. Ги осудуваме сите насилни акции против јавниот ред и обидите да...

Хан: Куманово не треба да го оттргне вниманието од политичката криза

Еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, денеска повторно се огласи, овојпат во живо, за кризата во Македонија и за случувањата во Куманово. - Сите сме загрижени за тоа што се случи викендов. Итно ги повикуваме сите страни и актери да соработуваат во разјаснувањето на тоа што се...

Војската на Србија ја зголеми борбената готовност

Војската на Србија го подигна нивото на борбената готовност и спремни сме заедно од другите безбедносни структури на Србија да одговориме на сите предизвици што би го загрозиле суверенитетот и интегритетот на Србија и нејзините граѓани, изјави министерот за одбрана на Србија, Братислав Гашиќ, кој...

Груевски: Загубивме осуммина кои спречија, можеби, 8.000 невини убиства

„Ова беа два многу тешки дена. Најтешки во мојот живот. Терористичка група од повеќе од 40 добро вооружени лица, нелегално влегла во Македонија, сместена во кумановска населба, спремна за крупни терористички напади врз полициски станици, цивили, спортски натпревари“, изјави премиерот Никола Груевски на денешната прес-конфереција. Според...

Котевски: Акцијата во Куманово заврши

МВР може да информира дека акцијата во Куманово е завршена, рече на денешата прес-конференција помошник-министерот за внатрешни работи, Иво Котевски. Според него, полицијата нашла тела на 14 терористи во униформи. - МВР работи на идентификација на загинатите терористи. Од нив сè уште не е идентификуван т.н....

Г.Г.Стефан: Единството треба да биде нашата најголема сила

Да се помолиме за душите на загинатите и за здравје на повредените, побара поглаварот на МПЦ-ОА, г.г. Стефан, во говорот по осветувањето на црква во Штип. При тоа, поглаварот се осврна на актуелната состојба и последните настани од Куманово. - Вчерашните случувања во Куманово, потврдија...

Иванов го свика Советот за безбедност, повикани и Заев, Ахмети и Тачи

За денеска во 17 часот, претседателот Ѓорге Иванов свика седница на Советот за безбедност, во проширен состав. Тој на седницата ги повика и лидерите на СДСМ, на ДУИ и на ДПА, Зоран Заев, Али Ахмети и Мендух Тачи. Поради сериозноста на полициската акција во Куманово, Иванов...

Денеска и утре – денови на жалост

Владата на Република Македонија на вонредна седница донесе одлука денеска и утре да бидат денови на жалост по повод загинувањето на припадниците на безбедностите сили на Министерството за внатрешни работи во полициската акција за откривање и за разбивање на поголема вооружена терористичка група во...

Загинатите полицајци се од Тетово, Брвеница и од гостиварско Зубовце

Полицајците Жарко Кузмановски од Брвеница, Сашо Самојлоски од Тетово на возраст од околу 32 години и 28-годишниот Ненад Серафимовски од гостиварското село Зубовце, се жртвите од вооружената престрелка во кумановско Диво Насеље. Трагичната вест семејствата на убиените ја слушнале попладнево. Брвеница денеска беше обвиена во тага, а револтот кај мештаните...

Иванов ја прекинува посетата на Москва, ќе го свика Советот за безбедност

Поради полициската акција во Куманово, претседателот на Македонија, Ѓорге Иванов, ја прекинува посетата на Москва и се враќа во Македонија. Веднаш по враќањето, се очекува да го свика Советот за безбедност. Членовите на Советот од ДУИ досега не учествуваа на неговите средби, бидејќи, според нив, Иванов...

Заев: Црното сценарио нема да успее, протестите да мируваат

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија ги повикува граѓаните на смиреност и на присебност, да не подлегнуваат на мрачни сценарија за предизвикување конфликт и дестабилизација на Македонија, рече денеска лидерот на СДСМ, Зоран Заев, на вонредната прес-конференција по утринската акција на МВР во Куманово. - Го повикувам...

Ете зошто го преместиле конгресот на ВМРО-ДПМНЕ кој беше закажан за дeнеска во Куманово

За денеска во Куманово првично беше планирано да се одржи конгресот на ВМРО-ДПМНЕ, но тој беше поместен една недела порано поради, како што објави „Мета“, „безбедносни и оперативни цели“. Од ВМРО-ДПМНЕ официјално негираа дека преместувањето на конгресот за 2 и за 3 мај е поврзано...

ДУИ: Граѓаните да останат мирни и да не подлегнуваат на дезинформации

Од Демократската унија за интеграција велат дека со голема загриженост ги следат денешните случувања во Куманово и апелираат до граѓаните за ладнокрвност и да не подлегнуваат на какви било провокации. „Демократската унија за интегрaција смета дека денешните настани во Куманово, но и тие претходните во...

Се протестираше и оставки се бараа и во Штип, Охрид и во Битола

Освен во Скопје, денеска имаше протести и во Охрид, Битола и во Штип. Битолчани ја „шетале“ полицијата од зградата на МВР до Општината и повторно назад до МВР. Оваа досетлива демонстрантска тактика ја практикувале околу стотина, претежно, млади луѓе. За разлика од протестот пред три дена, кога...

Пронајдено досега неоткриено дело на Моцарт во германска библиотека

Во библиотека во Лајпциг е пронајдено досега неоткриено дело на легендарниот австриски композитор Волганг Амадеус Моцарт, пренесува Гардијан. Тоа било пронајдено при дополнувањето на каталогот „Кехел“, односно архивата на сите...