Дипломатска офанзива во Скопје

По настаните во Куманово, денеска има дипломатска офанзива во Скопје.

Претседателот Ѓорге Иванов денеска се сретнал со  амбасадорот Џес Бејли, евромбасадорот Аиво Орав, Мариане Берец – шеф на Мисијата на ОБСЕ, Румен Радев – претставник за врски на НАТО и со Омур Шолендил – контакт-амбасадор во НАТО.

Во тек е и средба на премиерот Никола Греувски со дипломатски претставници на САД, ЕУ, Германија, Италија, Франција и на Велика Британија.

Се очекува дипломатите по средбата да дадат изјава.