ЕУ ќе испрати 160 милиони евра од замрзнатите руски средства во Украина

Сумата од 160 милиони евра од приходите на замрзнатите руски средства ќе биде доделена за итните хуманитарни потреби на Украина за оваа зима, изјави во денес претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, објави Гардијан

-

Сума од 160 милиони евра од приходите на замрзнатите руски средства ќе биде доделена за итните хуманитарни потреби на Украина за оваа зима, изјави денес претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, пренесе Гардијан.

Русија има уништено околу 9 гигавати од енергетската инфраструктура на Украина, за што Фон дер Лајен рече дека е „еквивалент на моќта на трите балтички држави“.

Покрај тоа, ЕУ ќе помогне со поправки и дополнителен извоз.Меѓународната агенција за енергетика денес соопшти дека Украина би можела да се соочи со недостиг од 6 гигавати оваа зима бидејќи максималната побарувачка за електрична енергија се зголемува.

Фон дер Лајен додаде дека во Литванија се демонтира електрана на гориво, а ќе биде повторно изградена во Украина, каде се уништени 80 отсто од термоцентралите во земјата.

„Наша цел е да вратиме 2,5 гигавати капацитет, што е 15% од потребите на Украина“, рече фон дер Лајен.

Инаку, Германија најави дека треба да одобри близу 400 милиони евра дополнителна воена помош за Украина, пишува Ројтерс.

Германија е најголемиот поддржувач на Украина во Европа во однос на воената помош. Украина добива поддршка со оружје од нејзините сојузници, но е загрижена дека поддршката може да се намали како што војната продолжува.

„Со оглед на континуираното влошување на воената ситуација во Украина, постои сериозен ризик Украина, без значително зголемена материјална поддршка, да биде поразена во својата одбранбена кампања“, се вели во писмото.

По барање на германското Министерството за одбрана, Министерството за финансии во писмото побарало одобрување на дополнителните трошоци од Комисијата за буџет на Долниот дом на парламентот.

Доколку буџетската комисија ги одобри дополнителните средства следната недела, вкупниот износ на германската воена помош за Украина во 2024 година ќе достигне 8,4 милијарди евра.

Средствата, меѓу другото, ќе бидат искористени за купување муниција, борбени возила, беспилотни летала и заштитна опрема.

Конкурс за краток хорор расказ на македонски јазик за „Ноќта на вештерките“

Во пресрет на празникот „Halloween“ или „Ноќта на вештерките“, кој традиционално во западните земји се одбележува на 31 октомври, Новинската агенција „Мета.мк“, во соработка со Книжевниот центар „Антолог“, објавува...