fbpx

Ете зошто го преместиле конгресот на ВМРО-ДПМНЕ кој беше закажан за дeнеска во Куманово

-

За денеска во Куманово првично беше планирано да се одржи конгресот на ВМРО-ДПМНЕ, но тој беше поместен една недела порано поради, како што објави „Мета“, „безбедносни и оперативни цели“.

Од ВМРО-ДПМНЕ официјално негираа дека преместувањето на конгресот за 2 и за 3 мај е поврзано со најавените протести на опозицијата.

– За датумот за одржување на конгресот одлучува Централниот одбор. Неговото одржување нема никаква врска со најавените протести на опозицијата – изјави за „Мета“, Александар Бичиклиски од ВМРО-ДПМНЕ.

Петнаесеттиот партиски конгрес на ВМРО-ДПМНЕ  се одржа минатата сабота и недела во Куманово и на него со огромно мнозинство гласови за претседател беше повторно избран Никола Груевски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...