fbpx

Мирни собири во 23 града за благодарност и за поддршка на безбедносните сили

-

Мирни собири за поддршка на македонската полиција се најавени денеска во 19 часот, во 23 градови низ Македонија, со кои граѓаните сакаат да се заблагодарат за патриотизмот и за професионалноста на полицијата во одбраната на државата.

Од друга страна, Граѓанското движење „Протестирам“ организира протести секој ден, во 18 часот, пред Владата и бара мир, правда, демократизација на институциите и оставка и одговорност на сегашната влада.

„Со почеток во 19 часот, на плоштадите во 23 градови во зејава, сите граѓани да покажеме благодарност за тоа што нè бранат и нè чуваат, ни обезбедуваат сигурност. Време е секој граѓанин да ја изрази својата почит кон современите херои на нашата заедничка држава, полицијата. Собирите ќе бидат мирни, мирољубиви, така што од сега посочуваме дека нема да биде потребно дополнително ангажирање на полицијата и никако намерата не е нејзино дефокусирање, туку, напротив, наша благодарност за нивното несебично залагање“, се вели на фејсбук-страната „Поддршка за македонските безбедносни сили“.

Протестите се најавени во Скопје, Велес, Кавадарци, Неготино, Гевгелија, Валандово, Струмица, Берово, Пехчево, Делчево, Кочани, Македонска Каменица, Виница, Штип, Пробиштип, Свети Николе, Кратово, Крива Паланка, Кичево, Охрид, Битола, Прилеп и во Ресен.

plakat na zgrada 2
Вакви соопштенија осамнаа денеска на влезовите во зградите во скопската општина Аеродром

Утрово во Општина Аеродром на вратите на зградите беа залепени информативни листови во кои се повикуваат граѓаните на збирно место пред паркингот пред Македонија табак на булеварот 3-та Македоснка бригада во 18.30 часот.

Во Прилеп здружението „Прилепски бранители“ повикува на мирен марш низ улиците на Прилеп, кој ќе почне од пред споменикот „Прилепски бранители“ (Хотел „Липа“) од каде ќе покажат поддршка за безбедносните сили на Република Македонија.

„Ги повикуваме сите членови на невладини организации, таксисти, спортисти, професори, земјоделци, пензионери, студенти, средношколци, резервни старешини, културни и здравствени работници и сите добронамерници да се приклучат кон мировниот марш за поддршка на македонската полиција. Утре, во 19 часот, да прекинеме со сите задачи и да пропешачиме 500 метри за тие што 24 часа ја бранат нашата Македонија“, се вели во соопштението.

Граѓанското движење „Протестирам“, за мир, правда, демократизација на институциите и оставка и одговорност на сегашната влада, веќе една недела протестира во 18 часот пред Владата.

„Порачуваме дека најискрениот бран на самоорганизирано граѓанско незадоволство нема да запре! Ние веќе не чувствуваме страв, туку само гадење од авторитарната власт и од нивните мрачни сценарија! Ние бараме мир и правда, а тоа може да се случи само ако тие си заминат! Ние сме на браникот против секоја неправда – без оглед дали тоа е системската бруталност, лошите реформи во високото и во средното образование или државниот рекет врз хонорарците. Протестиравме и за слободата на печатот, во поддршка на медиумските работници, и побаравме ослободување на јавниот сервис и негово враќање на граѓаните. Баравме одговорност за уништениот систем на јавно здравство. Континуирано се бориме за достоинствен живот и за работнички права и протестираме против грабежот, сиромаштијата и понижувањето на народот“, се вели на фејсбук-страната на „Протестирам“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...