Поради полициската акција во Куманово, претседателот на Македонија, Ѓорге Иванов, ја прекинува посетата на Москва и се враќа во Македонија.

Веднаш по враќањето, се очекува да го свика Советот за безбедност.

Членовите на Советот од ДУИ досега не учествуваа на неговите средби, бидејќи, според нив, Иванов не е легитимен претседател.

Поради тоа последната седница на Советот беше наречена „седница на државниот врв“ и се одржа по нападот на караулата Гошинце на 21 април.