Делегацијата на Европската унија во Скопје, во врска со престрелката утринава во Куманово, повикува на смиреност во јавноста и бара да се почека да бидат утврдени фактите од релевантните власти.

„Делегацијата на Европската унија внимателно ги следи извештаите за полициската операција, која е во тек во околината на Куманово, при која имало размена на истрели. Во контакт сме со властите и со политичките партии. Силно апелираме до сите граѓани и до политичките фактори да останат мирни и да почекаат релевантните власти да ги утврдат фактите. Се надеваме дека ќе се избегне ескалација на тензиите“, се вели во реакцијата на Делегацијата на ЕУ.