fbpx

Се протестираше и оставки се бараа и во Штип, Охрид и во Битола

-

Освен во Скопје, денеска имаше протести и во Охрид, Битола и во Штип.

Битолчани ја „шетале“ полицијата од зградата на МВР до Општината и повторно назад до МВР. Оваа досетлива демонстрантска тактика ја практикувале околу стотина, претежно, млади луѓе.

За разлика од протестот пред три дена, кога Битола со транспаренти и со скандирања се крена на нозе против полициската бруталност, граѓаните денеска протестираа без никакви обележја. Единствено негодуваа против Владата и бараа оставка од министерката Гордана Јанкулоска.

Сообраќајот не беше запрен, туку шлепери и камиони поминуваа меѓу демонстрантите, токму пред седиштето на полицијата.

Денеска се пртестираше и во Охрид, каде граѓаните се собраа попладнево, пред споменикот на Св.Кирил и Методиј, од каде со протестен марш стигнаа до Секторот за внатрешни работи во Охрид.

ohrid

Насобраните, меѓу кои имаше и активисти, пратеници и локални функционери на опозициски партии, пред полицијата, со гласни извици, свиркања и со негодувања, побараа оставка од министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, но и од премиерот Никола Груевски.

Централната и локалната власт во Охрид се мобилизираа во одвраќање на евентуалните учесници на протестите против полициската бруталност во Охрид.

Од ВМРО-ДПМНЕ, пак, се огласија со порака граѓаните да не подлегнуваат, како што велат, „на мрачното сценарио што го подготвува СДСМ за дестабилизација на државата и на состојбата во Охрид“.

Истовремено, обвинија дека СДСМ во Охрид врши притисоци граѓаните да излегуваат на протести заедно со нивните деца.

Од СДСМ велат дека протестот е граѓански и дека тие немаат никаква врска со организацијата.

Со повикот „Придружи се народе“, од плоштадот во Штип тргнаа околу 200 граѓани на протестот против полициската бруталност.

Групата со транспаренти на кои пишуваше „Опасно е да си во право кога владата греши“ и „Марионети, кого браните“, помина низ централните улици во обид да собере што повеќе граѓани. Извикуваа и „Оставки, оставки“.

stip

Групата поздастануваше покрај полните кафулиња, повикувајќи ги гостите да им се придружат. Попатно застанаа пред зградата на судот, каде извикуваа „Нема правда, нема мир“, по што продолжија пред седиштето на СВР Штип. Таму ги дочекаа неколку полицајци и затворена капија. Демонстрантите потоа се вратија во центарот на Штип, од каде се разотидоа. Повикаа на нов протест, утре во 18 часот.

Неколкуте граѓани кои сакаа да зборуваат со новинарите, рекоа дека излегле на протест поради полициската бруталност и новите моменти во случајот со смртта на Мартин Нешковски. Осудениот за смртта на Нешковски, полицаецот Игор Спасов, е од Штип и е добро познат на штипската јавност, меѓутоа насобраните не го коментираа тоа.

За разлика од скопските прототести, во Штип доминираа повозрасни граѓани и околу триесетина студенти и средношколци. Младите изјавуваа дека за протестот прочитале на социјалните мрежи. Меѓу насобраните имаше актуелни членови на Советот на Општина Штип од редовите на опозицијата и поранешни пратеници и функционери на СДСМ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...