среда, 21 јануари, 2026
Meta.mk

Ознака: демонстрации | 76 резултати

Нема докази дека ЦИА се обидела да собори над 50 легитимно избрани влади од 2003 до 2014

28 мај 2023

Не е вистина дека САД и ЦИА собориле демократски влади избрани во овие држави. Во сите овие револуции има голем број на фактори кои придонеле за нив, вклучително опозицијата во државите, невладиниот сектор, интернетот, младите.., но главните протагонисти се секогаш домашни актери од државата каде се случува револуцијата и не може да бидат САД и […]

Расте бројката загинати во несреќата во Грција, денеска протести низ земјата

2 март 2023

Бројката загинати во судирот на патнички и товарен воз во долината Темби во Грција што се случи завчера пред полноќ се искачи до 46 лица, според официјалната информација од пожарникарските екипи на местото на несреќата, пренесува весникот „Катимерини“. Од утрово, од вагон-ресторанот, кој бил здробен од вториот вагон во композицијата се извлечени уште седум изгорени […]

Судири меѓу демонстрантите и полицијата во Шангај на протестите против „нулта-ковид“ политиката на Кина

28 ноември 2022

Стотици демонстранти се судрија со полицијата во Шангај за време на протестите поради строгите ковид-рестрикции во Кина кои се одржуваат трет ден и се проширија во неколку кинески градови. Протестите, во медиумите опишувани како граѓанска непослушност без преседан во континентална Кина во изминатата деценија, се резултат на „нулта-ковид“ политиката на претседателот Кси Џинпинг, речиси три […]

Вистиномер: Фотографијата не е од актуелните протести во Холандија, туку е стара три години

19 јули 2022

На фотографијата споделена во постот се прикажани холандски земјоделци кои одбиваат да ги прифатат политиките на нивната влада, но не е направена на сегашните протести туку е стара три години. Таа потекнува од демонстрации кои се случиле во октомври 2019 година, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во целост: Рецензираме пост објавен на социјалната […]

Почнува Г-20 самитот во Рим: Своите барања ги искажаа и демонстрантите

30 октомври 2021

Додека самитот на Групата 20 на водечките светски економски сили кој ќе се одржува оој викенд носи бројни глобални лидери во Рим, тој исто така привлече и отпуштени фабрички работници, активисти за заштита на климата, активисти за антиглобализација, синдикати, феминистички и други групи. Тие излегоа на улиците во знак на протест, пренесе Њујорк Тајмс. „Ќе […]

На руска државна телевизија повторена невистината за смртта на демонстрантот во Минск

18 август 2020

Во рамките на својата програма за борба против дезинформациите и лажните вести, што многу лесно ги минуваат границите и бргу осамнуваат во медиумите на друга држава, „Мета.мк“ редовно пренесува што е актуелно кај сродните сервиси за проверка на фактите и борба против дезинформациите во регионот и во светот. Познатиот сервис за проверка на фактите polygraph.info […]

Дезинформации за навлегување на руската војска во Белорусија за да „ги смири демонстрациите“

17 август 2020

Откако на социјалните мрежи и преку чет апликациите почнаа да се шират видеа на кои се гледаат воени транспортери и автобуси полни со војници, со тврдење дека тоа е руска војска која или веќе навлегла во Белорусија или „само што не влегла“, проверувачите на факти од Белорусија бргу ги разоткрија ваквите наводи како дезинформации. Како […]

Протестите во Белорусија не стивнуваат, денеска е исклучен интернетот

11 август 2020

Продолжуваат протестите во Белорусија после спорните претсeдателски избори одржани во неделата, а денеска е исклучен и интернетот во земјата. Состојбата и понатаму е многу напната, а белоруски интервентни единици и воени сили од попладнево пристигнуваат во центарот на Минск, јавуват светските агенции. Полицијата денеска употреби брутална сила против илјадниците демонстранти кои протестираат незадоволни од победата […]

Демонстрации во Бејрут, полицијата ги растеруваше граѓаните со солзавец

8 август 2020

Денеска околу 5.000 демонстранти се собраа на Плоштадот во центарот на Бејрут, обидувајќи се да ја пробијат оградата и да стигнат до зградата на Парламентот. Тие побараа „режимот да падне“ и Владата ја сметаат за одговорна за експлозијата со катастрофални последици, поради недоволната грижа за складиштето со 2.700 тони амониум нитрат. Во тек е истрага […]

Полицијата со солзавец против демонтрантите, а пратеници избркани од унгарската телевизија

17 декември 2018

Двајцата независни пратеници во унгарскиот парламент, претпладнево од страна на обезбедувањето беа избркани од објектот на унгарската државна телевизија, каде сакаа да прочитаат петиција. Инцидентот се случи неколку часа по синоќешните големи протести против режимот на унгарскиот премиер Виктор Орбан, на кои во Будимпешта полицијата фрлаше солзавец. Двајцата пратеници со опозициска ориентација беа дел од […]

Уапсени 25 демонстранти, повредени седум полицајци на протестите пред Собранието

18 јуни 2018

Во синоќешните протести пред Собранието биле повредени седум полицајци а приведени се 25 демонстранти, соопшти МВР, најавувајќи повеќе детали за денеска. „На вчерашниот јавен протест во Скопје, дел од демонстрантите употребија распрскувачки средства и насилно ја турнаа заштитната ограда, истовремено обидувајќи се насилно да влезат во Собранието. Со цел да се спречи ескалирање на ситуацијата […]

Затворена сатиричната „Фејсбук“ страница на која беа грчките „крволочни“ постери

23 март 2018

Грчката сатирична страница на „Фејсбук“ „Елинико Христианико Етностедон (Грчко-христијански етноседатив) од која произлегоа постерите што на 1 и 2 февруари годинава беа објавени од многу македонски медиуми со толкување дека станува збор за националистички постери со кои се повикува на учество на големиот протест против Македонија во Атина, е згасната повеќе од десетина дена. Страницата […]

Во Иран ноќеска само провладини демонстрации

4 јануари 2018

По повеќе денови големи антивладини протести во Иран, изминатата ноќ беше мирна и немаше извештаи за собири на противниците на власта, но во неколку големи градови ноќеска и утрово се одржаа провладини демонстрации. Во меѓувреме, иранската државна телевизија пренесе снимки на нови големи собири на поддржувачите на власта во централниот град Исфахан, во Машад на […]

САД бараат итен состанок во ОН за ситуацијата во Иран

3 јануари 2018

Соединетите Американски Држави го повикаа Советот за безбедност на Обединети нации и Советот за човекови права на ОН да одржат итен состанок за Иран, каде што повеќе од 20 лица загинаа, а стотина се уапсени по повеќедневните демонстрации. „ОН мора да се огласат по тоа прашање“ смета американската амбасадорка во ОН, Ники Хејли. Истовреме, Белата […]

Полицијата и демонстрантите во Албанија се судрија поради изборот на јавен обвинител

18 декември 2017

Албанската полиција се судри со приврзаниците на опозицијата кои се обидоа на сила да влезат во парламентот и да го спречат изборот на привремениот државен обвинител. Пред зградата на парламентот се собраа околу три илјади демонстранти кои се обидоа да го пробијат полицискиот кордон, при што фрлале димни бомби. Според локалните медиуми има и повредени. […]

Стотици демонстранти уапсени во Москва

5 ноември 2017

Стотици луѓе беа уапсени во центарот на Москва денеска, додека се собираа за протест кој беше забранет од власта. Протестот беше организиран од националистичка група. Апсењата на плоштадот Манеж во непосредна близина на Кремљ се случија два дена откако агенција за домашна безбедност уапси некои од членовите на групацијата „Артподгатовка“, под сомневање дека сакале да […]

Протест за „Диво Насеље“ дeнеска пред Кривичен суд во Скопје

5 ноември 2017

На потегот од плоштадот Скендер-бег до Основен суд Скопје 1, денеска со почеток од 13 часот, ќе се одржи протест против судската пресуда за случајот „Диво Насеље“. Протестот го организира Здружението за албанска култура, коe вчера го пријави настанот во полициската станица Бит-пазар. Во повикот за протестот што го пренесоа дел од медиумите е наведено […]

Меланија Трамп „заробена“ во вила во Хамбург поради демонстрациите против Г20

7 јули 2017

Првата дама на САД, Меланија Трамп, останала заробена во луксузната вила-хотел во Хамбург, поради насилните демонстрации против самитот на Г20, кој денеска почнува во северниот германски град. Меланија Трамп требало да учествува на настан за партнерите на лидерите што присуствуваат на самитот, а бил организиран од Јоаким Сауер, сопругот на германската канцеларка Ангела Меркел. Сепак, поради […]

Грчките земјоделци повторно на протести

23 јануари 2017

Грчките земјоделци почнуваат со нов бран протести и со блокада на патиштата низ Грција во знак на револт против владината политика кон нив и укинувањето на дел од бенефициите што ги уживаа. По заедничкиот состанок викендов, земјоделците одлучија од неделава повторно да се вратат на автопатиштата и делумно да ги блокираат, а се размислува и […]

Трамп: Мали групи демонстранти страсно демонстрираат

11 ноември 2016

Новоизбраниот американски претседател, Доналд Трамп, по повод демонстрациите против неговиот избор во САД, денеска на својот твитер-профил напиша дека му се допаѓа фактот што мали групи демонстранти покажуваат толку страст за сопствената земја. „Го обожавам фактот што мали групи демонстранти имаат толку страст за сопствената земја. Заедно ќе победиме и ќе бидеме горди“, напиша Трамп. Love the […]

Страна 1 од 4