fbpx
Таг: демонстрации

таг: демонстрации

Хаос на улиците на Балтимор

Во Балтимор полицијата со солзавец растерала околу 200 демонстранти, кои протестирале на улиците за време на полицискиот час. Градските власти воведоа полициски час од 22 до 5 часот поради судир на полицијата и на демонстрантите по смртта на 25-годишниот Афроамериканец. Гувернерот на Мериленд изјавил дека на улиците на Балтимор се распоредени 2.000 припадници на гардата и 1.000 полицајци. Протестите во Балтимор...

Турција донесе закон за употреба на огнено оружје против демонстрантите

Tурскиот парламент со големо мнозинство го усвои законот за безбедност, со кој се прошират полициските овластувања и се овозможува употреба на огнено оружје против демонстранти. Тоа ги продлабочува стравувањата за репресија на инцидентите пред парламентарните избори. Законот донел жестоки критики од опозициските партии, кои велат дека владејачката Партија на правдата и развојот станува авторитарна. Претставниците на проблематичното курдско малцинство стравуваат дека законот може...

Демонстранти во Киев бараат оставка од Кличко

Околу 2.000 демонстранти денеска се собраа пред зградата на владата и на парламентот, барајќи намалување на градските давачки и смена на градоначалникот Виталиј Кличко, истакна учесник во соборувањето на претходната власт. Организаторите на демонстрациите претходно најавија прошетка од градската управа до зградата на владата и до Централната банка. Жителите на Киев протестираа на 28 јануари, кога се одржа голем митинг поради...

Косово: Полицијата употреби водени топови против демонстрантите

Косовската полиција со водени топови се обиде да ги растера демонстрантите во центарот на Приштина. Активистите на „Самоопределување“ со камења фрлаа по полицијата. Повредени се 30 полицајци, како и лидерот на „Самоопределување“, Висар Имери. Инцидентот настана откако претставникот на „Самоопределување“, Дардан Муличај, ѝ постави ултиматум на полицијата за 15 минути да ги отстрани блокадите поставени пред Владата на Косово. Муличај првин ја...

Борко пак протестираше со студентите

Борко, кучето-демонстрант од Скопје, како атинскиот Луканико, беше присутно и на третиот студентски протест. Тој се појави точно навреме кога почна протестот и предизвика воодушевување кај присутните. Борко претходно се појаувавал на неколку протести, маршови и на настаните за промовирање на велосипедизмот. Како што пишува на „Фејсбук“, Борко го добил своето име поради присуството на протести, посветеноста на групата со која се движи...

(ВИДЕО) Палестински министер почина после судирите со израелската војска

Зиад Сабу Зеин, министер во Палестинската управа на Махмуд Абас, денеска почина откако израелските војници го туркаа и го удираа за време на протестите на Западниот Брег, соопштија лекарите. Брзата помош го собра Зеин, министер без портфељ, од местото на конфликтот, но тој починал на пат кон болницата во Рамала. Снимка од судирите, кои почнаа откако палестинските демонстранти ги нападнаа...

Полицијата во Фергусон уапси 15 демонстранти

Уште 15 демонстранти уапси полицијата во Фергусон за време на новите протести против одлуката да не му биде судено на полицаецот кој во август застрела младо афрамериканско невооружено момче. Откако насобраната група луѓе не ја послушала наредбата да се разотидат, полицијата привела дел од насилните демонтранти.  

Мубарак ослободен од обвиненијата

Мубарак е ослободен од обвиненијата за корупција при набавувањето природен гас од Израел, како и од обвинението дека учествувал во масовното убиство на демонстранти за време на немирите, гласи дел од пресудата за поранешниот претседател на Египет, Хосни Мубарак, во повтореното судење, четири години по неговото симнување од власт. Според сè уште неофицијални информации, повлечени се и обвиненијата за убиства. Поранешниот претседател...

Полицијата со солзавец против студентите во Атина

Грчката полиција употреби солзавец за да ги растера четириесетината студенти кои насилно се обиделе да влезат во Атинската правна школа. Објектот на правната школа вчера беше затворен во знак на одбележување на годишнината од студентското востание на 17 ноември 1973 година против воената хунта. Портпаролката на грчката влада соопшти дека нема да се дозволи владеење на „законот на џунглата“. Секоја година, во чест...

Седумдесет повредени и 276 приведени во демонстрациите во Полска

Најмалку педесет полицајци и 24 демонстранти се повредени за време на судирите во Варшава што избија за време на Маршот на независноста, организиран од националистички движења. На марш на Денот на независноста на Полска, кој го организираа националистичките движења, демонстрантите ја гаѓаа полицијата со Молотови коктели, со камења и со шишиња со запалива смеса. Полицијата употреби водени топови, солзавец и гумени куршуми за...

Демонстрантите ја нападнаа зградата на владата во Чилпансинго во Мексико

Стотина демонстранти во мексичката држава Гереро ја нападна зградата на владата во главниот град Чилпансинго, палејќи притоа автомобили по улиците. Демонстрантите ја обвинуваат владата за вмешаност и убиство на 43 студенти во градот Игуала во септември. Протестите следат по изјавите на државниот обвинител Хесис Муриљо Карам дека членовите на бандата Герерос унидос ги признале убиствата на студентите. Тој додаде дека криминалците ги...

Илјада демонстранти на улиците на Хонг Конг

Околу илјада демонстранти маршираа денеска до кабинетот на кинеската влада во Хонг Конг, барајќи измена на регулативите за избор на лидер во тој град. Демонстрантите, меѓу кои најбројни се студентите, од 28 септември се на улици во Хонг Конг и блокираат три главни раскрсници во таа азиска финансиска престолнина. Тие бараат слободни избори за првиот човек на Хонг Конг во 2017 година и бараат...

Одложено судењето на втората група демонстранти против пресудата за „Монструм“

Судскиот процес против втората група демонстранти што предизвикаа нереди за време на протестите по објавувањето на пресудата за случајот „Монструм“, во јули годинава, пред Основниот суд 1 и 2, е одложен бидејќи од вкупно десетмината обвинети, петмина не се појавиле на денешното рочиште, пишува дневниот весник „Вест“. Според образложението на Судот, двајца од обвинетите не добиле уредна достава, а тројца,...

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...