fbpx
Таг: демонстрации

таг: демонстрации

Полицаец загина на демонстрациите во Истанбул

Еден полицаец загина вчера во жестоките судири на полицијата и на демонстрантите на екстремната левица во Истанбул, јави агенцијата Анадолија. Полицаецот кој добил тешки повреди при приведувањето на демонстрантите на собирот во еден истанбулски кварт, им подлегнал на раните. Демонстрациите почнаа пред три дена, по погребот на една активистка на левицата, која беше убиена од полицијата.

Во Атина демонстранти опустошиле продавница и ја поделиле храната

Неколку десетици антивладини демонстранти денеска насилно влегле во продавница во предградие на Атина, ја ограбиле и им ја поделиле храната на граѓaните, јавуваат грчките медиуми. Инцидентот се случил во предградието Виронас, во источниот дел на Атина, каде околу 30 демонстранти влегле во продавницата, ја зеле храната од полиците и околу неа расфрлале памфлети. Полицијата соопштува дека никој не е повреден. Денеска во Атина,...

Две години и четири месеци затвор за еден од демонстрантите од 5 мај

Затворска казна од две години и четири месеци му одреди денеска Основниот суд Скопје 1 на еден од обвинетите демонстранти за нередите на протестите од 5 мај пред Владата. Кривичниот суд денеска ја објави и пресудата за вториот од оваа група обвинети демонстранти, кој доби условна казна од седум месеци затвор, која нема да се изврши доколку во рок од две години...

„Протестирам“ повторно на марш: Потребни се суштински, а не козметички реформи

Граѓани, активисти и членови на движењето „Протестирам“ денеска повторно излегоа на протестен марш низ улиците на Скопје, за да го искажат својот револт од актуелната власт и да бараат оставка од премиерот Никола Груевски. Извикувајќи „Оставка“, „Нема правда - нема мир“ и носејќи транспарент со натпис „Од 5 мај до крај“, демонстрантите маршот го почнаа од приодот кон Владата, на...

Една затворска и три условни казни за последната група демонстранти од 5 мај

Една затворска и три условни казни им одреди Кривичниот суд во Скопје на обвинетите од последната група демонстранти што беа приведени по протестите пред Владата на 5 мај, пренесува „Утрински“. Тројца од демонстрантите ја признаа вината дека го сториле делото учество во толпа што ќе спречи службено лице во вршење службено дејство. Ним судот им одреди условни казни од три месеци, кои нема...

Двајца демонстранти од 5 мај добија условни казни

На двајцата демонстранти, кои денеска ја признаа вината за учество во толпа што ќе спречи службено лице во вршење службена должност, им е укинат притворот и е заменет со условна казна од три месеци затвор. За едниот е одредена и дополнителна мерка, лекување од алкохолизам во психијатриска установа во тек на една година, со тоа што редовно ќе се јавува на лекување...

Осум условни и една затворска казна за демонстрантите од 5 мај

Осум од вкупно деветмината демонстранти што беа обвинети за насилство за време на протестите пред Владата, на 5 мај, денеска во Основниот суд Скопје 1 се осудени на условни затворски казни од три месеци. Условните казни нема да се изврашат доколку осудените во рок од една година не сторат ново кривично дело. Еден од обвинетите e осуден на ефективна казна затвор од...

Почнува судењето на втората група демонстранти уапсени по 5 мај

Во Основниот суд Скопје 1 се очекува да почне судењето на втората група демонстранти, кои беа притворени по нередите и насилствата за време на протестите пред Владата, на 5 мај. Деветмината демонстранти се товарат за кривичното дело учество во толпа, а меѓу нив има и двајца членови на „Студентски пленум“. Во меѓувреме, закажано е и рочиштето за судењето на првата група...

Поднесен обвинителен предлог против 12 демонстранти од 5 мај

Скопското обвинителство до Основниот суд Скопје 1 поднело обвинителен предлог против четворица демонстранти, кои беа приведени од полицијата за време на протестите против полициската бурталност, што се одржаа на 5 мај пред Владата, соопшти судот. Тие се товарат за учество во толпа што ќе спречи службено лице во вршење службено дејство. „Обвинителниот предлог е распределен кај надлежен судија кој ги ценеше...

Утре ќе се протестира без скандирање и во црно-бела облека

Утре, од 18 часот, пред Владата на Македонија, учесниците на протестите, облечени во црна и во бела облека, со запалени свеќи и со цвеќиња, ќе им оддадат почит на загинатите припадници на полицијата во Куманово. На мирниот протест ќе нема скандирања, ниту исвиркувања. Ова е една од идеите за која се согласија демонстрантите на координативниот состанок, што се одржа во Градскиот парк...

Мирните протести завршија со барање оставки од Груевски, Јанкулоска и од Мијалков

На вечерашниот мирен протест пред Собранието беа побарани оставки од министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, првиот човек на УБК, Сашо Мијалков, и од премиерот Никола Груевски. Активистот Огнен Јанески им порача на граѓаните за идните активности да се информираат преку фејсбук-групата „Стоп за полициска бруталност“ и да даваат идеи за понатамошните настани. Мала група сè уште е во паркот пред Собранието. Откако...

Демонстрантите пристигнаа пред Собранието

Откако полицискиот кордон спречи демонстрантите да се упатат пред зградата на МВР, тие се вратија пред Собранието. Преку трансапренти на кои пишува „Сите сме нечиј Мартин“, „Сите имаме наш Мартин“, „Вие имате Мартин“, „Како си ги гледате децата после нас“, „Имате моќ, искористете ја правилно“, како и преку карикатура на министерката Гордана Јанкулоска, на која пишува „човечиња“, тие го изразуваат револтот...

Се протестираше и оставки се бараа и во Штип, Охрид и во Битола

Освен во Скопје, денеска имаше протести и во Охрид, Битола и во Штип. Битолчани ја „шетале“ полицијата од зградата на МВР до Општината и повторно назад до МВР. Оваа досетлива демонстрантска тактика ја практикувале околу стотина, претежно, млади луѓе. За разлика од протестот пред три дена, кога Битола со транспаренти и со скандирања се крена на нозе против полициската бруталност, граѓаните денеска...

Демонстрантите од Обвинителството се префрлија пред Собранието

Над илјада демонстранти се собраа пред Собранието на Република Македонија, откако не успеаја да дојдат до Јавното обвинителство. Демонстрациите се одвиваат мирно, само со скандирање и засега не се регистрирани провокатори во групата. Забележливо е зголемено полициско обезбедување. Демонстрантите протестираат мирно и скандираат „Доле влада“, „Слобода“ и слично. Протестот започна пред Владата на Владата на Република Македонија, но поради полициските блокади...

По вчерашните протести, приведени се четири лица

По вчерашните протести приведени се четири лица против кои МВР поднесе прекршочни пријави, изјави денеска Иво Котевски, помошник-министер за односи со јавноста на МВР, на одбележувањето на Денот на полицијата. Котевски рече и дека идентификувани се уште девет учесници на протестот кои предизвикувале насилство, но сè уште се работи на квалификација на нивните дела во соработка со надлежниот јавен обвинител. - Од...

Притвор за четворицата приведени демонстранти

Основното јавно обвинителство – Скопје им одреди мерка притвор на четворицата приведени од протестите пред Владата што се одржаа во вторникот. „Постапувајќи по поднесената кривична пријава, а за да се обезбеди непречено одвивање на истрагата, од Основното јавно обвинителство – Скопје до Основниот суд Скопје 1, е поднесен предлог за определување мерка притвор против сите четири осомничени лица, поради постоење околности кои укажуваат на...

Протестот пред Собранието заврши мирно

Иако имаше неколку обиди за провокации од петнаесетина демонстранти, протестот за правда за Мартин Нешковски кој, наместо пред Владата, се одржа пред Собранието, заврши мирно. На последниот обид на дел од демонстрантите да иницираат насилство, се спротиствија група активистки кои застанаа меѓу нив и полицијата. Пред Собранието останаа уште десетина демонстранти кои седат на тревата и разговараат. Дел од присутните го собираа...

Демонстрантите седнаа пред Собранието, ја пеат химната и палат свеќи

Демонстрантите стигнаа пред Собранието на Република Македонија. Тие седнаа на улицата и ја пееја химната на Македонија и запалија свеќи. Групата извикува „уа, уа“, „оставка, оставка“ и „готово е Никола“. Насобраните со едноминутно молчење, истовремено со оние кои протестираат во Битола и во Прилеп, му одадоа почит на убиениот Нешковски. Забележително е големо присуство на полицијата, а блокирани се приодите на улицата...

На протестот се приведeни 30 демонстранти, а повредени се 38 полицајци

Во вчерашниот протест пред Владата приведени се 30 лица, а повредени се 38 припадници на полицијата, од кои шест се задржани на понатамошно лекување, рече на денешната прес-конференција министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска. Како што вели Јанкулоска, едно од приведените лица било однесено на токсикологија, а потоа било притворено. Јанкулоска рече дека досега се идентификувани 12 лица и...

Протестите пред Владата траат, демонстрантите порачуваат дека нема да си одат

Веќе неколку часа голема група граѓани револтирани од прикривањето на убиството на Мартин Нешковски протестираат пред Владата извикувајќи „убијци“, „доста беше молк“, „кого браните“, „не сме човечиња“, „излези Никола“, „нема Сашо - има мир“,„оставка“ и „ќе одговарате“. Како што јавува репортерот на „Мета“, дошло и до кошкање со полицијата кога демонстрантите почнале да удираат по штитовите. Ситуацијата сега е мирна. Демонстрантите ги...

Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила за Северна Македонија

Донација составена од седумдесет и шест моторни возила од Кралството Норвешка, официјално беше предадена на Армијата на Република Северна Македонија на пригодна церемонија која се одржа во касарната Илинден...