fbpx

Почнува Г-20 самитот во Рим: Своите барања ги искажаа и демонстрантите

-

Додека самитот на Групата 20 на водечките светски економски сили кој ќе се одржува оој викенд носи бројни глобални лидери во Рим, тој исто така привлече и отпуштени фабрички работници, активисти за заштита на климата, активисти за антиглобализација, синдикати, феминистички и други групи. Тие излегоа на улиците во знак на протест, пренесе Њујорк Тајмс.

„Ќе нè има многу“, рече Џино Орсини, претставник на синдикатот Си Кобас, еден од организаторите на демонстрациите планирани за сабота да се совпаднат со собирот на Групата 20.

Министрите за финансии и здравство од Групата 20 (Г20) водечки и економии во развој во петокот повикаа 70 отсто од светското население да се вакцинира против ковид-19 во следните осум месеци.

Пред состанокот лично на министрите за финансии во Рим – на кој министрите за здравство се приклучија преку видео врска – делегатите најавија создавање на работна група за подобра борба против пандемијата и започнување на економското закрепнување.

„За да помогнеме во напредокот кон глобалните цели за вакцинирање на најмалку 40% од населението во сите земји до крајот на 2021 година и 70% до средината на 2022 година… ќе преземеме чекори за да помогнеме во зајакнувањето на снабдувањето со вакцини и основни медицински производи и инпути во земјите во развој и отстранување на релевантните ограничувања за снабдување и финансирање“, се вели во коминикето на министрите на Г-20.

Оваа година е 20-годишнина од самитот на Групата 8 на кој Италија беше домаќин во северниот град Џенова, кој исто така беше нарушен со демонстрации, по што властите го засилија обезбедувањето.

„Нивото на внимание е максимално“, рече Џовани Борели, претставник на локалната власт, додавајќи дека 5.500 дополнителни службеници за спроведување на законот се распоредени овој викенд.

Делот од населбата Еур, каде се одржува самитот на светските лидери, од безбедносни причини е прогласен за максимална безбедносна зона во радиус од 10 километри, а пристап ќе имаат само учесниците и жителите на тој дел од градот со посебни дозволи.

Приватниот воздушен сообраќај над Рим е забранет, а во градот од четвртокот се укинати нисколетачки хеликоптери. Граѓанскиот воздушен сообраќај од двата римски аеродроми Фиумичино и Чампино се одвива непречено.

Безбедноста на учесниците на самитот ја обезбедуваат близу 6.000 полицајци, како и армијата чија задача за време на самитот е контрола на дронови. Италијанскиот министер за внатрешни работи Лучијано Ламоргезе оцени дека од безбедносен аспект одржувањето на самитот е многу напорно.

Американскиот претседател Џо Бајден се сретна со францускиот претседател Емануел Макрон на самитот на Г20 во Рим и рече дека биле „несмасни“ кога не ја информирале Франција за безбедносниот пакт AUCUS, кој го сочинуваат САД, Велика Британија и Австралија.

Претседателот на САД додаде дека не постои област во светот каде што САД не можат да соработуваат со Франција, пренесе Ројтерс.

Изјавата дојде во време кога двете земји работат на обновување на односите по кавгите за американскиот безбедносен пакт со Велика Британија и Австралија, наведува британската новинска агенција.

Според неа, од речиси 14.000 различни протести се одржале само оваа година, а безбедноста на учесниците на самитот Г20 е најголемиот предизвик за безбедносните сили, но и за Рим како град домаќин.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.