fbpx

Демонстрации во Бејрут, полицијата ги растеруваше граѓаните со солзавец

-

Денеска околу 5.000 демонстранти се собраа на Плоштадот во центарот на Бејрут, обидувајќи се да ја пробијат оградата и да стигнат до зградата на Парламентот. Тие побараа „режимот да падне“ и Владата ја сметаат за одговорна за експлозијата со катастрофални последици, поради недоволната грижа за складиштето со 2.700 тони амониум нитрат.

Во тек е истрага за причините за несреќата, но меѓународната јавност побара независна истрага. На помош на властите пристигна и Интерпол.

Во посета на Либан денеска е претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел кој порача дека државата може да смета на солидарноста на ЕУ, не само со зборови, туку и во конкретни активности.

„Европа веќе е со вас. Ветувам дека Европа ќе биде овде за да ви помогне во повторната изградба“, напиша Мишел на Твитер. 

Според последните информации бројот на загинати во експлозијата во центарот на Бејрут денеска се зголеми на 158, повредени се повеќе од 6.000 лица, а 21 лице се водат како исчезнати.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Зеленски не ја вовлече Украина во војна

Украина не е таа која сака војна, ниту, пак, украинскиот претседател Зеленски ја вовлекол земјата во војна, како што неточно тврди објавата. Русија ја нападна Украина, а таа има...