fbpx

Демонстрантите пред зградата на Груевски, извикуваат „Излези диктаторче“

-

Граѓаните кои денеска четврти пат се собраа пред Владата на Република Македонија, да протестираат против полициската бруталност и прикривањето на убиството на Мартин Нешковски, а бидејќи не им беше дозволено да се приближат до зградата, се упатија кон МВР.

Здравко Савевски од левичарското здружение „Солидарност“ се обрати пред присутните, велејќи дека на овој начин се крши Уставот, бидејќи полицијата не дозволува да се протестира пред Владата.

Демонстрантите беа пресретнати од полицискиот кордон на улицата кај МВР, но не им дадоа да продoлжат понатаму и да се движат кон објектот. Тие извикуваа „Полициска држава“ и „Оди си Никола“.

Групата протестираше и пред зградата на премиерот Никола Груевски, каде што извикуваа „Излези диктаторче“ и „Миле, ми текна…“.

Кордонот полицајци ги спречува да се движат понатаму кон зградата на МВР.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Путин го посети Си во Пекинг, повика на посилна економска соработка меѓу Русија и Кина

Рускиот претседател Владимир Путин ја истакна важноста на економската соработка меѓу Русија и Кина во посета на кинескиот претседател Си Џинпинг во Пекинг, пренесува „Њујорк тајмс“. Додека неговата армија напредува...