Котевски: Акцијата во Куманово заврши

МВР може да информира дека акцијата во Куманово е завршена, рече на денешата прес-конференција помошник-министерот за внатрешни работи, Иво Котевски.

Според него, полицијата нашла тела на 14 терористи во униформи.

– МВР работи на идентификација на загинатите терористи. Од нив сè уште не е идентификуван т.н. командант Нато. Групата има повеќе од 40 луѓе, а терористите планирале напади на институции во Македонија – изјави Котевски.

Тој информираше дека има вкупно осум загинати полицајци.

На местото бил пронајден голем арсенал на оружје.

Лидери на вооружената група биле Мухамед Красниќи, познат како командант Малишева, Мирсад Ндрецај, познат како командант Нато, Сами Ушкини, односно командант Соколи, Беи Ризај и Дем Шеху.

Тројца од нив биле во групата што вчера ѝ се предаде на полицијата.