Граѓаните со ваучерите и картичките ќе може да плаќаат само за услуги и производи

-

Со платежните картички што ќе ги добијат граѓаните нема да можат да се подигаат пари од банкомати, туку со нив ќе може само да се платат услуги или производи.  Забрзано се работи на изгледот и начинот на употреба на платежните картички за што Владата ќе донесе посебна уредба, со која ќе се утврди кои производи и услуги граѓаните ќе може да ги искористат. Како што соопшти министерката за финансии Нина Ангеловска, на заедничка прес-конференција со министерот за економија Крешник Бектеши, заедно со банкарската асоцијација се работи на подготовка на начинот на изработка на овие картички-ваучери кои ќе бидат во употреба во јуни или во јули, а ќе можат да се користат до крајот на годинава.

– Аплицирањето за картичките ќе биде најлесно и едноставно. За оваа мерка, од третиот пакет мерки на Владата, се одобрени 25 милиони евра, а на другите уредби за мерките од овој пакет за поддршка на граѓаните, оперативно се работи и тие ќе бидат донесени следната недела – рече Ангеловска, додавајќи дека граѓаните ќе можат преку платформа на Министерството за информатичко општество да проверат дали им следува некоја од мерките.

Инаку, со оваа мерка се предвидува платежна картичка од 9.000 денари да добијат невработените и активните баратели на работа, а туристички ваучери од 6.000 денари ќе бидат наменети за вработени со нето-плата до 15.000 денари. Посебни ваучери се наменети за средношколци, студенти и млади до 29 години за кофинансирање на студии, сместување и организација на обуки.

Ангеловска посочи и дека од третиот пакет мерки, во септември треба да профункционира новата дигитална платформа вредна еден милион евра, наменета за помош на извозните домашни компании.

– Преку развивање дигитална платформа, овие компании ќе ја зголемат конкурентноста и ќе можат да достигнат до нови пазари и нови потрошувачи. Веќе утре во Министерството за финансии имаме средба со претставниците на компаниите, за да им ја претставиме мерката и да ги преземеме потребните чекори за нејзино ставање во функција – рече Ангеловска.

Според министерот Бектеши, 50 милиони евра од третиот пакет економски мерки ќе биде насочен кон туризмот и микро и мали компании. Туризмот кој претрпе најголеми загуби, ќе добие 16 милиони евра со поддршката на граѓаните за користење на туристичките капацитети во земјата.

– Предвидени се ваучери од 100 евра и платежна картичка со 50 евра за купување домашни производи. Во туризмот предвидовме и уште една мерка, кофинансирање од 50 отсто односно до 30.000 денари на настани и конференции кои ќе се реализираат во хотелските капацитети – рече Бектеши.

Оддржан онлајн состанок на пратеничките групи за соработка меѓу парламентите на РСМ и Украина

Членови на Пратеничката група на Собранието на РСМ за соработка со Врховната рада остварија онлајн состанок со своите колеги од Украина, при што беа повторени заложбите за понатамошно јакнење на поддршката...

Маржата за трговија на мало и големо се ограничува на 10 проценти до крајот на април

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денес одговарајќи на новинарско прашање во однос на ограничувањето на маржите и колкаво намалување на цените се очекува од таа мерка, изјави: „Па очекувам. Во текот на...

Интерпелацијата за членови на Судскиот совет наспроти Законот за СС

Краток преглед на Деловникот на Собранието и Законот за Судски совет покажува дека не постои поврзаност помеѓу интерпелацијата што ја поднесоа пратениците на владејачките партии во Собранието и законските можности, бидејќи...

ЗНМ и ССНМ најостро ги осудуваат кампањите за оцрнување на независните медиуми и закани кон новинарите

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) најостро ја осудува тековната кампања за оцрнување насочена кон независните и критички настроени медиуми. Оваа кампања...

Оддржан онлајн состанок на пратеничките групи за соработка меѓу парламентите на РСМ и Украина

Членови на Пратеничката група на Собранието на РСМ за соработка со Врховната рада остварија онлајн состанок со своите колеги од Украина, при што беа повторени заложбите за понатамошно јакнење...