fbpx

Потврдени 40 новозаболени од Ковид-19, оздравени 11 пациенти, почина едно лице

-

Министерството за здравство информира дека во изминатово деноноќие биле регистрирани 40 нови случаи на Ковид-19 во земјава, и тоа во: Скопје-26, Тетово-10, Куманово-1, Прилеп-1, Велес-1 и Битола-1. Во изминативе 24 часа биле направени 549 тестирања, од кои 209 теста се во рамките на скринингот на вработените во градинките. Притоа, денеска е потврден еден позитивен случај на Ковид-19 кај вработен во детска градинка во Скопје.

Вкупната бројка на активни случаи на пациенти заболени од Ковид-19 во целата земја изнесува 409, од кои најголем број на активни случаи има во Скопје – вкупно 169.

Институтот за јавно здравје денеска регистрирал 11 оздравени пациенти во: Скопје-2, Штип-1, Прилеп-4, Велес-2, Кочани-2.

На Клиниката за инфективни и фебрилни болести во Скопје почина 56-годишен пациент од Прилеп, кој бил лекуван на клиниката од 12 мај.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во изминативе 24 часа примени се 7 нови пациенти, хоспитализирани се вкупно 49 пациенти. На кислородна поддршка се 19, додека на механичка вентилација се 2 пациенти. Во ГОБ „8 септември“ примени се 12 нови, а вкупно хоспитализирани 25 пациенти. На респиратор се 3, a со потешка клиничка слика се уште 2 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 7, додека на домашно лекување се следат уште 3 пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани 5 пациенти, нема пациенти кои се следат на домашно лекување. На инфективните одделенија во Тетово, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 45 пациенти, позитивни и сомнителни на Ковид-19.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Млади иноватори изработија мобилна апликација за помош на дијабетичари

Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ се млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес за менаџирање на оваа состојба. Инспирирани од желбата да помогнат...